Летниот распуст го искористиле за правење училница на отворено – како треба да учиме од Босанците?

Наместо да го губат времето непотребно, Босанците летниот распуст го искористија за создавање училници на отворено, па сега учениците можат безбедно да посетуваат настава без маски, а притоа никого да не загрозат – зошто не се смисли вакво нешто и кај нас на време?

letniot-raspust-go-iskoristile-za-pravenje-uchilnica-na-otvoreno-kako-treba-da-uchime-od-bosancite-01.jpg

Голем број од родителите на малите деца не се сложуваат со идејата тие да носат маски додека се на настава, а пак, долго време поминато во затворена просторија без никаква заштита, дефинитивно не е идеално решение за заштита од корона вирусот.

Посебно во зимските месеци, кога нема да биде лесно возможно постојано проветрување на училниците, децата, а и наставниците ќе бидат загрозени доколку не носат маски. Од друга страна, цела година помината онлајн влијае лошо на социјализацијата на децата, но и на квалитетот на наставата. Идеално решение не постои, но мора да се најдат начини што подобро да се започне и реализира успешно школската година.

Босанците не губеле многу време летово и навреме си испланирале како безбедно учениците да посетуваат настава, а нивната генијална идеја стигна и до светските медиуми.

Наставниците од основно училиште во Качуни, го искористиле распустот за да создадат училница на отворено, а овој проект започнал со минимален буџет кој набрзо привлекол помош и донации од страна, а општината дала материјали за изградба.

letniot-raspust-go-iskoristile-za-pravenje-uchilnica-na-otvoreno-kako-treba-da-uchime-od-bosancite-02.jpg-03.jpg

„Нашиот модел овозможува дишење свеж воздух за настивниците и учениците. Можеме слободно да зборуваме и да работиме, без да се гушиме. Се гордееме“ – вели Мирза Беговиќ, наставник по јазици во училиштето.

Наставниците направиле клупи од дрво и ги поставиле како во амфитеатар, а создале и платформа каде ќе стои наставникот како и ѕид од цигли на кој е закачена табла. Истовремено засадиле и многу дрвја, со што ја претвориле отворената училница во идеално еко-катче.

letniot-raspust-go-iskoristile-za-pravenje-uchilnica-na-otvoreno-kako-treba-da-uchime-od-bosancite-02.jpg-04.jpg

Одделенијата се распоредени во неколку групи за сепак учениците да можат да одржуваат безбедна дистанца додека се на час, а се работи на принцип на ротација, па некои ученици ја следат наставата онлајн додека другите се со физичко присуство.

letniot-raspust-go-iskoristile-za-pravenje-uchilnica-na-otvoreno-kako-treba-da-uchime-od-bosancite-02.jpg

Носењето маска е задолжително при доаѓање и заминување од училиште, но не и за време на часовите, бидејќи сите се на безбедна дистанца, плус на отворено.

Фотографиите од ова генијално решение вирално се проширија насекаде и дефинитивно е за пофалба.

letniot-raspust-go-iskoristile-za-pravenje-uchilnica-na-otvoreno-kako-treba-da-uchime-od-bosancite-05.jpg

Ќе беше идеално доколку летото се искористеше и кај нас на тој начин, па наставата да започнеше со физичко присуство на отворено додека временските услови го дозволуваат тоа, а во меѓувреме да се развива платформа за онлајн настава во зимските месеци.

Така децата ќе беа помотивирани, ќе беа колку што дозволуваат условите социјализирани, а сепак заштитени. Што мислите за ова? Можеби уште не е доцна за второто полугодие во пролетните месеци. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол „Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои п...
„Мислев дека убив човек“ – Милан Калиниќ по 8 години отворено говори за сообраќајната несреќа што ја... „Возачот претходно имал операција на срце и бил со еден бубрег. Кога го видов со...
Поранешна хрватска манекенка за мрачната страна на славата: „Во една година абортирав трипати, морав... На почетокот на 2000-тите години, со сопругот имаа реално шоу во Хрватска, отвор...
Белград е претворен во зимска бајка: Божиќен маркет, лизгалиште на отворено (фото) Белград е секогаш одличен избор за викенд патување, но во времето на празниците,...
Татко ѝ е милионер, таа заработува со маникир и правење накит: Која е скромната ќерка на Саша Попови... Саша Поповиќ, еден од најбогатите луѓе на српската естрада, има ќерка и син. За ...
Србинката која е инспирација за ликот на Кери Бредшо во „Сексот и градот“ - која е Анка Радаковиќ? Анка Радаковиќ се опишува себеси како прва модерна секс колумнистка - посетувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg