Мајка од Црна Гора има деца со Даунов синдром: „Ме тераа да ги оставам во дом, но одбив да ги напуштам“

„Сите ми велеа дека децата со Даунов синдром не се способни за живот, дека нема да одат, да зборуваат… Не ми кажаа дека ќе можат лудо да ме сакаат и гушкаат", вели Сара Бело, една од ретките инфлуенсерки од регионот која отворено зборува за животот со нејзините ќерки со Даунов синром.

majka-na-bliznacki-so-daunov-sindrom-01.jpg

Сара Беро е мајка херој која уште од раѓањето на своите ќерки близначки, Илда и Ирма ,се соочувала со низа предизвици, кои на крајот успеале да ги пребродат заедно.

Како самохрана мајка, таа успеа да ги сруши предрасудите и освен инфлуенсерка, таа е и една од ретките жени во регионот која јавно зборуваат за лицата со Даунов синдром, а воедно е и сопственичка на маркетинг агенција.

majka-na-bliznacki-so-daunov-sindrom-04.jpg

Нејзиниот најголем успех е всушност тоа што успеа да ги однесе Ирма и Илда на правилниот пат па тие денес се занимаваат со манекенство, а имаа и улога во спот.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Bero (@berosara_official)

Самата Сара вели дека како и сите деца, така и оние со Даунов синдром имаат право на достоинствено воспитување.

Во улога на мајка се остварила на 20 години и тоа на својот роденден, кога во седмиот месец од бременоста ги родила близначките Илда и Ирма.

По раѓањето на Ирма и Илда се соочила со многу притисоци

Иако не било лесно на почетокот да го прифати фактот дека девојчињата се родени со Даунов синдром за кратко време сфатила дека близначките за неа се најголемото достигнување.

„Поради зборовите на лекарот и околината, тогаш не бев задоволна со моите девојки. Потоа ме советуваа дека моите ќерки треба да одат во дом или во спротивно ќе завршам на психијатрија.

Никогаш не помислував да ги напуштам. Денес, ниту јас завршив во лудница, ниту тие завршија во дом.

Во првиот момент се чувствував како да ми се сруши целиот свет. Но, верувајте ми, тоа беше моментално чувство, бидејќи по првиот ден и разговорот со татко ми, го променив не само мислењето, туку и свеста во мојата глава.

И од тој ден до денес, цели 14 години, со истата ревност и сила се борам за нивен подобар живот и нивно подобро утре", гордо вели Сара.

majka-na-bliznacki-so-daunov-sindrom-03.jpg

„Кога се родија Ирма и Илда, свекрвата ми рече: 'Остави ги во породилното!' Ѝ реков дека тоа се нејзини внуки, создадени од нејзиниот син, нејзина крв.

Сите ми велеа дека децата со Даунов синдром не се способни за живот, дека нема да одат, да зборуваат… Не ми кажаа дека ќе можат лудо да ме сакаат и гушкаат“.

Сара не крие дека секојдневно се соочува со недолични коментари поврзани со физичкиот изглед на нејзините ќерки.

„Имаше различни предрасуди. Како што знаете, јас сум првата жена во регионот која почна јавно да зборува за тоа и ја промени свеста преку влијанието на моите социјални мрежи и покажа и докажа дека луѓето и децата со тешкотии во развојот, се исти како сите други и ги имаат истите потреби за љубов, разбирање и поддршка.

За жал, наидуваме и на негативни коментари. Ова е присутно и денес во однос на коментарите“ – изјави Сара за blic.rs.

„Се откажав од младоста затоа што на 20 години станав самохрана мајка која деновите и годините ги минуваше во различни болници низ регионот, разни институти.

И така, прославивме три родендени, празници и нови години во болнички соби опкружени со медицински персонал, болнички машини, студени ѕидови со единствен поглед на реалниот свет, главно низ мали болнички прозорци.

До денес, после 14 години, многу сум среќна и мотив за сето тоа беа моите ќерки, нивната насмевка и нивната неограничена среќа.

Кога би можела да го вратам времето, не би менувала ништо, туку би се посветила уште повеќе“.

Освен Ирма и Илда, Сара има уште една ќерка Ина која е многу приврзана за своите сестри.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg