Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подобро отколку во младоста

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се јаде месо, риба и зеленчук, кои се подготвуваат на медитерански начин. Како Колинда Грабар Китаровиќ ја доведе линијата до совршенство?

poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-se-prepolovi-oslabe-30kg-i-na-55-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-01.jpg

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се преполови – таа ослабе околу 30kg и на 55 години изгледа подобро отколку во младоста, вели јавноста.

Таа на Инстаграм објави фотка во маскирни панталони и маичка, а на која се гледа дека формата ја довела до совршенство, па доби комплименти за изгледот.

View this post on Instagram

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@kolinda_gk)

Колинда со години велеше дека ѝ е многу жал што нема време да вежба и така да го намали вишокот килограми.

Дополнителен проблем ѝ беа и болките во раката и таа во минатото велеше дека има моменти кога едвај успева да ја движи.

Но, разликата во изгледот е очигледна, а споредVečernji.hr, новата фит линија на Колинда се должи на липосукциската диета.

Станува збор за режим на исхрана кој се заснова на внес на природни масти, а се елиминираат јаглехидратите.

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат и протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се консумираат месо, риба и зеленчук кои се подготвуваат на медитерански начин.

Според хрватските медиуми, за појадок и ручек при оваа диета се пијат протеински шејкови, а се внесуваат и додатоци во исхраната, т.е. аминокиселини и растителни влакна.

Главен оброк при оваа строга диета е вечерата, а тогаш се јаде варен зеленчук (брокула, карфиол), месо (чисто, на пример пилешко, телешко и јагнешко, а се избегнува свинкото) и риба (лосос или туна).

Со вечерата се дозволени и салати, но најчесто зелени: марула, зелка, краставица.

Овошјето и јаглехидратите се строго забранети и воопшто не се консумираат.

Диетата не е поврзана со липосукцијата (и покрај името), туку подразбира строг, но здрав начин на исхрана.

Оваа диета ја пробаа и Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Неда Украден, Сузана Манчиќ, но и светските ѕвезди Џенифер Анистон и Моника Белучи.

Повеќе фотографии од Колинда Грабар Китаровиќ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Откако решивме да посвоиме по 5 неуспешни ин витра, сопругата остана бремена“: Исповед на познат Хр... „Поминавме низ сѐ што треба за да станеме кандидати за посвојување и имавме 5 об...
Јелена Карлеуша во смел стајлинг ги покажа лузните од царскиот рез (и не крие дека се гордее со нив) Карлеуша објави неколку фотографии во црн фустан кој едвај ги покрива градите и ...
Вучиќ низ солзи соопшти дека малата Данка Илиќ е убиена: „Со какви монструми имаме работа“ (видео) „Имаме лоши вести за малата Данка Илиќ од Бор. Имаме две лица, кои, ако јас добр...
Го гаѓале Никола Јокиќ со ножеви, едниот си ја давел девојката, се однесуваат како мафијаши: Кои се ... Најдобриот српски кошаркар во моментов, Никола Јокиќ, е најмалиот од тројцата бр...
„Изгледав како носот да ми расте од челото“ – Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ за пластичните опера... „Претходно имав филери и носот ми изгледаше како да ми расте од челото“ – Ќеркат...
Соседите за животот со Северина во иста зграда: „Постојано ѝ доаѓаат двајца мажи, напорно е да се жи... „Tаа ако сака нека биде ѕвезда 100 пати, но од неа не може да се живее. Дури збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg