Белгија нуди награда за секој што ќе се откаже од користење на приватниот автомобил

Како и многу слични иницијативи досега, така и оваа е инспирирана од екологијата и заштитата на животната средина.

Belgija-nudi-nagrada-za-nekoristenje-privaten-avtomobil-01.jpg

Дури и пред воениот конфликт во Источна Европа, лидерите на западноевропските метрополи се занимаваа со прашањето кое вклучува намалена употреба на автомобили и фокусирање на подобрување на јавниот превоз или префрлување на поеколошки опции.

Меѓутоа, кога ќе се земе предвид зависноста на Европа од руската нафта, не е чудно што повиците до возачите да се ослободат од своите автомобили стануваат сè погласни.

Веќе почнаа да се случуваат вакви големи општествени промени, а најновиот пример доаѓа од Белгија.

Засега е само Брисел, каде што сопствениците на автомобили се охрабруваат да се ослободат од приватниот автомобил, а со тоа следува и награда.

Имено, секој граѓанин кој ќе реши да се откаже од автомобилот ќе добие бонус од 500 до 900 евра.

Притоа, сопствениците имаат две решенија: првиот е да го стават автомобилот на продажба, а вториот е да си го задржат возилото под услов да не е регистрирано и да не се вози.

Идејата е парите од бонусот да се искористат за поеколошки транспорт. Односно, добиените пари луѓето ќе можат да користат само за билети за јавен превоз, велосипед, такси и слично.

Со овој бонус, властите се надеваат дека ќе им помогнат на граѓаните полесно да ја направат транзицијата кон користење поеколошки средства за превоз.

Секако, најважната цел од проектот да се подобри квалитетот на воздухот во градот и да се намали сообраќајниот метеж.

Што мислите, дали ваква иницијатива би успеала кај нас и колку луѓе би се откажале од сопствениот автомобил?

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg