Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“

Какво е локалното население? Колку се отворени за комуникација и дружење со странци?

За разлика од Етиопија, не се толку конзервативни и затворени. Во Лагос, секој на улица, во маркет, на работното место, но и случајните минувачи ќе те поздрават и ќе се насмевнат.

Секој и секаде ќе ти посака срдечно добредојде. Каде и да се наоѓаш, ќе бидеш третиран со неизмерна почит.

Но прв, единствен и најверен другар, е твојот шофер. Човек со кој го поминувам најголем дел од мојот ден. Тој е задолжен да ме пренесе најбезбедно од точка А до Б, со него делам радост, среќа, тага, болка, насмевка, солзи нервоза. На некој начин - твој мајка и татко додека си во Нигерија.

Тој никогаш нема да ти рече „не“ без оглед на тоа дали е уморен, дали денот му бил тежок, лош, дали поминува низ некој лош период. Едноставно, тука е за тебе, секогаш достапен.

Некогаш работам и по 15 часа на ден, како налагаат обврските, а тој никогаш не се пожалил, никогаш не прашал кога ќе си одиме.

Настрана што ние од белиот свет во нивните очи сме како банкнота од американски долар, сепак искажуваат и покажуваат почит.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-26.jpg

Јас раководам со 135 луѓе, од секакви профили, од општ работник, чистачка, чувар, сметководство, ИТ сектор, локални инженери и слично.

Со сите нив имам изградено професионален однос, но се наоѓаат моменти за шега, смеа, пиење  утринско кафе, дружење заедно надвор од работно место.

Сите тие дружења за мене се ново искуство, нов предизвик, созревање и гледање со други очи кон светот, свет кој не би можел да го прифати секој.

Но, јас уживам во разноликоста, во тоа ја наоѓам убавината, во тоа ја пронаоѓам и учам секоја наредна лекција и во тоа го пронаоѓам сопствениот мир. 

Во сите нив ја видов нивната душа, карактер, судбина и без оглед на раса и религија, сосема сум горд и среќен што сум дел од нив и што ја имам таа прилика да пораснам и созреам покрај нив, како на професионален така и на животен план.

Секоја нивна прераскажана или видена судбина за мене е тажна и болна. На секој можен начин се обидувам да помогнам, да дадам свој максимум.

Но, никогаш до сега, не сум се почувствувал изневерено. Едноставно ги почитувам и сакам, тоа е богатството за сите нас.

Јас секогаш им го сакав и им се восхитувам на духот, на нивната борба за подобро и поубаво утре, борба која ние, современите, не би ја издржале.

И сум апсолутно богат и горд што сретнав и запознав прекрасни луѓе.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-50.jpg

Стекна ли пријатели меѓу локалното население? Како изгледаат тие ваши средби и дружења? Раскажи некоја анегдота...

Нигерија, Лагос и работата ми приредија неколку интересни анегдоти кои со задоволство ќе ги пренесам.

Се запознавам со една машка личност, беше понеделник, а воедно и мој прв работен ден во Лагос. Дечкото се поздравува културно со мене и ми вели: „Sunday (недела)!

Го гледам збунето, му велам: Hello my friend, but today is Monday“ (Здраво пријателе, но денес е понеделник).

Кратко ми одговара: „Господару, моето име е Сандеј“.

Инаку, типични машки имиња во Нигерија се: Сандеј, Мандеј и Фрајдеј (недела, понеделник и петок).

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-40.jpg

Секој еден, ама буквално секој Нигериец кој ми доаѓа во канцеларија, почнува приказна некако вака: „Добро утро господине или господару. Дали имавте пријатна вечер?“

Одговарам кратко, а тоа што следува е: „Госпораду, те молам дај ми пари“. И почнува приказната: жена ми е болна, детето болно, татко ми почина, мајка ми е во болница итн.

Пред околу 20 дена ме посети еден маж и ми кажа дека сопругата му починала. Јас се растревожив, жал ми падна и му дадов 30 долари. Вчера (ден пред да ги одговорам прашањава) истиот ми доаѓа и ми вели: „Господару, ми требаат пари, мојата сопруга е во болница“.

Му велам: „Па нели почина?“, а тој ми одговара: „A, си најдов друга“.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-22.jpg

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-39.jpg

Каква е таму локалната храна? Што ти е омилено од она што е традиционално и препознатливо само за нив?

Во Лагос сум сместен во голем апартман, каде компанијата има обезбедено готвач и лице кое се грижи за хигиена и средување во домот.

Готвачот ми ја приготвува нашата храна која ја консумираме секојдневно ние кои сме дојдени од Европа, затоа што во Лагос буквално можеш да купиш и најдеш сè што ти е потребно.

Кога сум послободен, тоа е најчесто во недела, тогаш готвиме заедно, го учам на некои наши традиционални јадења, како што се мусака, турлитава, тавче гравче, полнети пиперки и различни специјалитети од месо.

Локалното население претежно се храни со риба, пилешко, ориз, но сето тоа е приготвено на нивни начин со многу зачини, силно на вкус, а сепак вкусно.

Рибата ја имаат во изобилие, поради излезноста на Атлантски Океан и навистина имаат многу голем избор на прекрасна и свежа риба.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-16.jpg

Колку е безбеден животот во Нигерија, бидејќи те чува обезбедување со оружје? Како се чувствуваш кога имаш оружје во твоја близина?

Живот во Нигерија за мене е под ротација и сирени. Тоа е едно секојдневие за секој бел човек кој живее и работи тука.

Движењето насекаде е под придружба. На почетокот ми беше возбудливо и интересно, а сега ми е веќе досадно, ме нервира но едноставно мора да биде така.

Буквално секое движење каде и да одам е со нивна придружба, дали е тоа на работа или шетање или пазарување во маркет или доколку сакам да седнам во некој ресторан.

Така налагаат безбедносните услови и приликите тука, но и тоа е политика на сите интернационални компании - безбедноста пред сè.

До сега, фала му на Бога, не сум имал некоја посериозна непријатна случка, а и ретко кој би се осудил да ми пријде или направи нешто.

Лично сум гледал немили сцени и конфликти помеѓу локални банди, кои буквално наликуваат на акционите филмови и завршуваат со убиства по улиците (во периферните делови и онаму каде што државата нема моќ), но тогаш нема застанување, се продолжува по патот на кој си тргнал.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-12.jpg

Движењето од и до работното место секогаш се одвива по различна рута, никогаш не се движиме по истиот пат и на тој начин го запознав Лагос и сите збиднувања кои се случуваат во него. 

Знаете како, тешко е да се навикнеш и адаптираш на таков живот, некој кој е постојано до тебе, некој кој што те чува, ти отвора и затвора врата од возило, буквално дишење во врат.

Седење во кола е исклучиво одзади и секој автомобил кој превезува странци има затемнети стакла.

Имав една интересна случка, седнав во ресторан на ручек и на полицијата ѝ реков да не влегува со мене туку да ме чека надвор или во возилото.

Командирот ми рече дека е задолжително, па им реков да седнат подалеку од мене, да порачаат некој пијалак и да ја следат ситуација. Некако го убедив и се согласи.

Во еден момент, влегува група од десетина луѓе, мажи, жени и деца локалци и седнуваат веднаш до мојата маса. За мене не беше ништо чудно, страшно или загрозувачки, но ги гледам како притрчуваат овие од моето обезбедување и им велат: „Ве молиме сменете ја масата, седнете на друго место“.

Луѓето станаа, ме погледнаа, ги поздравив, но не бев задоволен и повторно се побунив. Командирот без приговор ми кажа дека мора да биде така.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-14.jpg

Одењето во ноќен клуб е исто така под посебен режим на безбедност, но тогаш се во цивилна облека. Сепак, секое мое движење или движењето на посетителите се следат.

Имав прилика да ми приоѓаат луѓе кои сакаат запознавање, разговор, а тие веднаш притрчаа и ги тргнаа. На смеа им велам: „А што ако сакам да станам нигериски зет?“ Ми одговорија: „Ти одбери ја која сакаш и јас ќе ти ја донесам дома“.

Сето ова е еден вид на притисок, но и на тој притисок и начин на живот го прифатив за да опстанам во Нигерија. Живот под будно око на полиција, но веќе ги занемарувам и сум навикнат.

Кога се движиме по улиците низ Лагос, нема застанување на семафори, не се почитуваат сообраќајни правила, едноставно возилото пред мене го чисти патот, јас со моето сум во средина и зад мене е уште едно за најбрзо да се стигне кај што треба. Премиерски живот, ха, ха.

milosh-boev-rabotam-vo-nigerija-kako-inzhener-policija-so-oruzhje-me-chuva-24-7-edvaj-se-naviknav-13.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg