Храна од која сигурно ќе добиете стомак

Масните наслаги околу стомакот не само што не изгледаат привлечно туку и многу лесно може да ви го загрозат здравјето.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-01.jpg

Затоа, овие намирници уште денес отстранете ги од дневното мени:

1. Рафиниран шеќер

Рафинираниот шеќер го зголемува нивото на шеќер во крвта, а таложењето на маснотии станува сè полесно. Шеќерот исто така влијае и на имунитетот, па организмот потешко се бори со бактериите и вирусите. Не само што е нездрав, туку и докажано доведува до поголем, непривлечен стомак.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-02.jpg



2. Газирани пијалаци

Ако пиете вакви сокови секојдневно, буквално си го уништувате своето тело. Имаат огромен број на калории, а никакви хранливи вредности. Затоа, многу подобра опција е обичната вода, а за малку подобар вкус можете да додадете парче лимон.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-03.jpg



3. Пржена храна

Пилешките прсти и помфритот се најомилените мезиња кои секојдневно ви ставаат по некој сантиметар околу струкот. Ваквата храна е вкусна, но и полна со натриум и масти кои се лепат за стомакот.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-04.jpg



4. Бело брашно и ориз

Белите јаглехидрати се веќе обработени, па заради тоа организмот уште побрзо ги преработува, што е убиствено за линијата на струкот. Наместо нив, одберете интегрални намирници кои се прават од цело зрно.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-05.jpg



5. Алкохол

Не бадијала масните наслаги околу стомакот се нарекуваат „пивски стомак.“ Сепак, неважно е дали ќе претерате со жестоките пијалаци, пивото или виното. Алкохолот го успорува процесот на разградување на мастите, но и го забрзува процесот на стареење. Виното и пивото ви носат многу непотребни калории, заради што би требало да ги избегнувате.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-06.jpg



6. Храна „богата“ со натриум

Храната која е „богата“ со сол треба да ја избегнувате од една единствена причина - таа ја задржува водата во организмот, па заради тоа вашиот стомак изгледа подуено. Затоа, научете се на помалку солениот вкус.

hrana-od-koja-sigurno-ke-dobiete-stomak-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити) Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg