Најдобриот рецепт за крцкав леб со лук и моцарела – со кој ќе го пробате?

Љубителите на леб со лук, на кои не им е грижа за здивот подоцна, без размислување ќе го пробаат овој рецепт и ќе лижат прсти до последно залче.

najdobriot-recept-za-krckav-leb-so-luk-i-mocarela-so-koj-kje-go-probate01.jpg

Крцкав однадвор, мек одвнатре, со силен вкус на лук и со растопена моцарела... веќе посакавте да го вкусите овој леб, нели?

Веројатно ниту еден љубител на лук нема да одолее на овој рецепт, па пробајте го што побрзо во друштво на некој што не се плаши од здив со мирис на лук...

Потребни состојки:

  • 1 главица лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици ситно исечкан магдонос
  • 1 векна леб
  • 100g чедар или обичен кашкавал, исечен на тенки парчиња
  • 100g бри сирење, исечкано на парчиња
  • 1 кугла моцарела, изгмечена
  • Пармезан

Начин на подготовка:

  • На фолија ставете цела главица лук, пресечена од горната страна и наросете ја со маслиново масло и сол, завиткајте ја и печете 20-30 минути (додека да стане мека внатрешноста).
  • Истиснете го лукот како крем во сад, додајте го ситно сечканиот магдонос и измешајте ја смесата.
  • Исечете ја векната леб дијагонално во две насоки, за да добиете коцки, но не го сечете дното.
  • Намачкајте го лебот одозгора и малку одвнатре со смесата од лук и наредете ги парчињата сирење и кашкавал во празнините.
  • Замотајте во фолија и ставете да се пече на 180°С додека млечните производи не се стопат, а лебот да фати боја.
  • На крај изрендајте малку кашкавал и послужете.

View this post on Instagram

A post shared by Twisted (@twisted)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg