Новогодишна елка од сирење и кашкавал - 18 идеи за декорирање

Дали сте подготвени за испробување вкусни и неверојатно симпатични рецепти кои ќе ги развеселат сите околу вас во овој празничен период? 

novogodishna-elka-od-sirenje-i-kashkaval-18-idei-za-dekoriranje-01.jpg

Го имаме врвниот деликатес скроен за сите гурмани, оние што обожаваат мезиња и млечни производи – новогодишна елка од сирење и кашкавал.

Ќе посакате да ја направите уште денес.

Потребни состојки:

  • 225 g крем-сирење
  • 450 g рендан чедар (или друг кашкавал)
  • 2 лажици ситно изрендан кромид
  • ½ лажичка сенф
  • 5-6 капки црвен сос (благ или лут, по желба)

За декорација:

  • Сечкан свеж магдонос
  • ½ шолја пињоли (или пченка од конзерва)
  • Сечкана црвена и зелена пиперка
  • Крекери 
  • Намирници по желба 

Начин на подготовка:

1. Измешајте го крем сирењето заедно со чедарот, кромидот, сенфот, црвениот сос, додека добро не се соединат. Ставете ја смесата во фрижидер добро да се стегне.

2. Обликувајте ја како конус, односно во форма на новогодишна елка. Обложете ја со свеж магдонос, наредете ги „лампионите“ – пињоли или конзервирана пченка и додадете сечкана црвена и зелена пиперка како декорација или други додатоци по желба и импровизација. 

3. Од едно поголемо парче чедар може да сe обидете да направите и мала ѕвезда за врвот на вашата елка од сирење и кашкавал. Послужете со крекери и уживајте во мацкањето.

Novogodisna-elka-od-sirenje-i-kaskaval (4).jpg

Novogodisna-elka-od-sirenje-i-kaskaval (2).jpg

Уште идеи како може да ја декорирате солената „новогодишна елка“ за празничната трпеза:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg