Посен ручек: Компири во рерна со печурки и праз

Одличен прилог за јадењата со месо или пак посен ручек кој сите ќе го сакаат.

Kompiri-od-rerna-so-pecurki-i-praz-01

Празот е тајната состојка на ова јадење која кој ќе му даде прекрасен вкус на јадењето, и ќе помогне да остане сочно и вкусно.

Потребни состојки:

  • 1 тенок праз
  • 400g поситни печурки (шампињони)
  • 4 големи компири
  • 1 лажица Вегета
  • 2 лажици маслиново или сончогледово масло
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажичка куркума
  • сол и вода

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го празот, додадете една чаша вода, масло и зачин и ставете го на оган да се динста.

2. Во меѓувреме излупете ги компирите и исечете ги поголеми парчиња и ставете ги да се варат. Варете ги 10 минути и тргнете ги од оган.

3. Откако празот ќе се издинста, во земјен сад, ставете половина од празот и убаво распоредете го. Врз него ставете слој од компири и свежи печурки.

4. Во преостанатиот праз додадете 250ml вода, малку сол, куркума и 1 лажица брашно и сè убаво измешајте. Со оваa смеса прелијте ги компирите и печурките.

5. Печете на 30 минути на 220 степени, така што садот ќе биде покриен со капак. После 30 минути извадете го капакот и печете уште дополнителни 30 минути.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...
Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да нап...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...
2 здрави рецепти за хумус кои се прават за неколку минути За да направите домашен хумус, не ви треба многу време - потребно е само да ги н...
Чиа тирамису - нискокалорична верзија на омилениот кремаст десерт Вкусот на чиа тирамисуто е прекрасен, ист како на оригиналното тирамису, а сепак...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg