Брз и едноставен рецепт: Превртен колач со јаболка

Во зима покрај тоа што можете да уживате во чоколадото во големи количини, исто така, можете да уживате и во вкусот на јаболката кои сè уште можете лесно да ги набавите.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-01.jpg

Еве еден одличен и пред сè лесен рецепт за подготовка на колач со јаболка:

Потребни состојки:

  • 4 до 5 јаболка
  • 50g + 1 лажица путер
  • 7 лажички шеќер
  • 1 лажичка цимет

За тестото:

  • 75g путер на собна температура
  • 5 лажици шеќер
  • 3 јајца
  • 3 лажици кисела павлака
  • Кора од лимон
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 11 лажици брашно


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад за печење нанесете путер.

Исечкајте ги јаболката и исцедете лимон на нив.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-1.jpg

Во сад растопете ги 50g путер, додадете 5 лажици шеќер и гответе додека не се растопи шеќерот.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-2.jpg

Ставете ја смесата во садот за печење и наредете ги јаболката. Ставете на јаболката уште 2 лажици шеќер и 1 лажица путер исечкан на мали парчиња. Садот ставете го во рерна додека го подготвувате останатиот дел од колачот.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-3.jpg

Додека јаболката се печат, подгответе го тестото. Одвојте ги белките и жолчките.

Во еден сад ставете ги 75g путер, 5-те лажици шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Во неа додадете ги жолчките, киселата павлака, кората од лимон и екстрактот од ванила. Мешајте додека состојките не се соединат.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-4.jpg

Изматете ги белките и додадете ги на смесата.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-5.jpg

Извадете ги јаболката од рерна и наросете ги со цимет. На нив додадете ја смесата и печете 25 – 30 минути додека не добиете златножолта боја и кога ќе го боцнете колачот со чепкалка, на неа не останува ништо.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-6.jpg

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-7.jpg

Извадете го колачот од рерна и оставете го да се олади 5 минути.

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-8.jpg

brz-i-ednostaven-recept-prevrten-kolac-so-jabolka-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...
7 идеи за брз ручек без готвење - совршени за лето Брз ручек со багет, домати и моцарела или грчка салата со пилешко месо - неколку...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Брзи празнични колачи со кои ќе ја разубавите новогодишната трпеза Без оглед дали за празничните денови ќе бидете сами, со семејството или ќе имате...
3 предлози за мезе за ненајавени гости (се прават за 20 минути) Канапеи или фритата и чоколадно колаче што се прави во микробранова за десерт. ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg