Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт на денот: Маринирани печурки

Овие печурки можете да ги послужите како предјадење, салата или мезе со бело вино. Вкусни се и лесни за подготовка.

recept-na-denot-marinirani-pecurki-01.jpg

Потребни состојки:

  • 120ml маслиново масло
  • 3 лажици сок од лимон или оцет
  • Вегета
  • 400g шампињони
  • 1 лажичка мајчина душица
  • ½ лажичка рузмарин
  • ½ лажичка оригано
  • 1 лажичка коријандер во прав
  • 3 чешниња лук
  • Сол
  • Бибер


Подготовка:

Загрејте го маслото во подлабок сад, потоа додадете ги претходно измиените шампињони.

На шампињоните додадете ги сокот од лимон и другите зачини.

Пржете околу 15-на минути додека шампињоните не омекнат.

Кога шампињоните ќе бидат готови, истурете ги во поголем сад (заедно со маслото) и покријте ги со фолија.

Вака оставете ги барем 2 часа во фрижидер. Сервирајте ги со бело вино, како предјадење или мезе.

Добар апетит!

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На божиќна трпеза кај Dave’s Kitchen: 6 вкусни рецепти на кои нема да им одолеете „Користете свежи гранки од зимзелени дрва, шишарки, портокали и многу сијалички ...
Турски специјалитет: Потпечени палачинки, полнети со пилешко Ако никогаш досега не сте ги подготвиле палачинките на овој начин, уште викендов...
Совршен пролетен десерт - црвени палачинки со маскарпоне и овошје Слаткиот вкус на палачинките во комбинација со свежото овошје, истовремено и ќе ...
Рецепт за пита со јаболка како од McDonald’s Доволно е да прочитате „пита со јаболка од McDonald’s“ и веднаш во устата да го ...
Макарони во сос од тиква и морско оревче - вкус кој асоцира на есен Најубавите есенски вкусови споени на едно место - тиква, морско оревче и тестени...
Брзи празнични колачи со кои ќе ја разубавите новогодишната трпеза Без оглед дали за празничните денови ќе бидете сами, со семејството или ќе имате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg