Кремасти тестенини со сланина, пилешко и многу кашкавал

Иако се малку „тешки“ поради комбинацијата од сланина, пилешко и кашкавал, па нема да може да изедете многу, овие кремасти тестенини се превкусни.

kremasti-testenini-so-slanina-i-pileshko-01.jpg

Најубавата работа поврзана со тестенините е што можат да се комбинираат буквално со сè. А од вкусовите кои можеби не сте ги комбинирале, е сланина со пилешко и кашкавал.

Пробајте го, сигурно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

  • 1 пакетче тестенини (по желба)
  • 5 подебели парчиња сланина
  • 1 парче пилешки гради
  • Сол, бибер, лук (и кромид) во прав по вкус
  • 2 лажици путер
  • ¼ кромид
  • 3 чешниња лук
  • 150ml неутрална павлака
  • 60g чедар
  • 60g моцарела

Начин на подготовка:  

  • Сварете ги тестенините во посолена вода, ал денте. Водата не ја фрлајте.
  • Исечете ги резанките сланина на парчиња, па пржете ги во тава на малку маслиново масло (додека да станат крцкави).
  • Извадете ги од тавата и ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии.
  • Пилешките гради исечете ги на покрупни парчиња, па зачинете ги со сол, бибер, кромид/лук во прав, по вкус.
  • Пржете го пилешкото во истата тава во која се пржеше сланината. Кога ќе биде готово, извадете го од тавата, па и него ставете го на хартиена крпа за да го впие вишокот маснотии.
  • Во истата тава додадете 2 лажици путер и штом се стопи, на путерот препржете ¼ кромид исечкан на ситни коцки и 3 чешниња ситно сечкан лук.
  • Кога ќе зацрвенат, додадете 150ml неутрална павлака. Оставете да зоврие, па зачинете по вкус.
  • На крајот додадете ги изренданиот чедар кашкавал и моцарелата. Ќе добиете кремаста смеса.
  • Во неа, ставете ги варените тестенини, малку вода од тестенините и пилешкото + сланината.
  • Ако смесата ви е густа, додадете уште малку вода од тестенините.
  • Оставете ги тестенините и сосот да се спојат неколку минути на оган, па додадете малку пармезан и оригано (по желба) и послужете ги.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Angela Miley (@thesecarbsdontcount)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прсти да излижете: Кремасти шпагети со тиквички во сос од 2 вида сирење Кремасти шпагети кои се топат во устата... Пробајте го овој италијански рецепт и...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Сочно пилешко полнето со печурки, црвени пиперки и бешамел сос Ако барате нова идеја за ручек со пилешко, пробајте го овој вкусен рецепт за пил...
Есенски деликатес: Полнети компири со сланина од кои се тегне кашкавал Неодолив есенски рецепт за деновите кога сакате да останете дома и да уживате со...
Вкусни тортелини со пилешко на италијански начин, готови за 30 минути Поради спојот од вкусови – спанаќ, пилешко, домати и кашкавал, овие тортелини ќе...
Шпагети со спанаќ и фета сирење по италијански рецепт - прсти да излижете Италија е позната по вкусната храна - што значи овој брз рецепт за тестенини и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg