Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос

Направете ја оваа безглутенска пица со тесто од ориз, а полнета со пилешко месо и кашкавал, уште викендов, ќе ѝ дадете чиста 10-ка!

bezglutenska-pica-so-testo-od-oriz-i-pileshko-vo-domaten-sos-01.jpg

Наместо да користите готово тесто или да местите тесто, направете тесто за пица од ориз во блендер, а наместо класичен фил, ставете пилешки гради со доматно пире.

Подгответе ја оваа пица, нема да се разочарате.

Потребни состојки:

  • 400g варен ориз
  • 3-4 јајца (зависи од големината, пробајте со 3, додајте уште едно ако е неопходно)
  • 50ml вода
  • 50g рендан кашкавал
  • Сол и црн пипер по вкус
  • 1 големо парче пилешки гради (или 2 мали)
  • ½ стар кромид
  • 2 перца млад зелен кромид
  • 100ml доматно пире
  • 150g моцарела

Начин на подготовка:

  • Сварете го оризот, измијте го под студена вода за да се одвојуваат зрната, па ставете го во блендер.
  • Едно по едно додавајте ги јајцата, прво 3, а ако има потреба, на крај и 4-тото.
  • Додадете го и ренданиот кашкавал, а потоа и околу 50ml вода и мешајте ја смесата во блендерот сè додека не се спојат убаво сите состојки.
  • Ставете ја во тркалезно тавче за печење пица, а одозгора можете да ја испрскате со малку масло.
  • Печете го тестото во загреана рерна на 220°C околу 15 минути.
  • Во меѓувреме, измијте ги пилешките гради, па исечете го на покрупни коцкички. Пржете ги во тавче на малку масло.
  • Кога ќе заруменат, додајте го кромидот, исечкан на ситни коцкички (ако имате, додадете и малку црвен кромид).
  • Посолете и ставете бибер по вкус, па мешајте додека кромидот да се стопи.
  • Кога ќе биде убаво пропржено, додадете го доматното пире и спојте ја целата смеса, па оставете да прокрчка неколку минути.
  • Врз тестото од ориз рамномерно распоредете го пилешкото со сос, а најгоре ставете ја ренданата моцарела.
  • Печете околу 20 минути.
  • Пред да ја послужите пицата, украсете ја со ситно сечкани перца од млад кромид.

Забелешка: Ако немате блендер, можете да го направите тестото со миксер, а зрната што нема да се здробат, можете да ги испасирате со алатка за правење компир пире.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg