Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена)

Еден од триковите за палачинките да бидат свежи и по неколку дена е да ги приготвите без млеко. Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус.

recept-za-najmekite-palachinki-bez-mleko-mozhe-da-ostanat-svezhi-i-do-dva-dena-01.jpg

Овој рецепт ќе ви се допадне затоа што е „поекономична“ верзија од традиционалниот, а тестото ќе биде меко и до два дена.

Полнежите може да бидат различни. Солени или слатки. Истовремено, одлични се за оние кои постат. 

Како да подготвите вкусни палачинки без млеко?

Потребни состојки:

  • 300g брашно;
  • 1 лажиче шеќер;
  • Прстофат сол;
  • ½ лажиче прашок за печиво;
  • 1 ќесичка ванилин шеќер;
  • 500ml минерална вода;
  • 1 филџан масло (за пржење).

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се пресејува брашното, па му се додава минералната вода, шеќерот, солта, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер;
  • Состојките се матат со миксер, додека не се добие густа каша;
  • Се додава едно лажиче масло за јадење и се мати уште неколку минути со миксер;
  • Во тава за палачинки се ставаат неколку капки масло и се оставаат да се загреат, па се става околу половина црпалка од смесата за палачинки;
  • Кога ќе се испече едната страна, палачинката се превртува за да се испече и другата;
  • Постапката се повторува сè додека во целост не се потроши тестото за палачинки;
  • Пред печење на секоја палчинка во тавата се ставаат по неколку капки масло.

recept-za-najmekite-palachinki-bez-mleko-mozhe-da-ostanat-svezhi-i-do-dva-dena-02.jpg.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg