Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт

Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни...

krofni-polneti-so-krem-i-glazura-po-francuski-recept-01_copy_copy.jpg

Љубител сте на крофни, но ви здодеаја класичните вкусови? Пробајте го овој интересен француски рецепт - микс од крем и крцкава глазура.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 500g брашно
  • 75g шеќер
  • 1 јајце
  • 100g путер
  • 100g млако млеко
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол

За кремот:

  • 500ml топло млеко
  • 5 жолчки
  • 40g шеќер
  • 50g пченкарно брашно
  • неколку капки ванила
  • 100g путер
  • 100g бело чоколадо

За преливот од карамел:

  • 350g шеќер
  • 2 лажици вода

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото и мешајте додека не добиете мазно, малку лепливо тесто.
  • Покријте го садот и оставете го да отстои околу еден час додека не се удвои во волумен.
  • Во меѓувреме почнете со подготовка на кремот - во длабоко тенџере ставете ги жолчката, пченкарното брашно, ванилата и шеќерот, па додадете го топлото млеко и мешајте да се спојат.
  • Смесата варете ја на средна температура, без престан, за да не се направат грутки и да не загори.
  • Кога кремот ќе згусне, тргнете го тенџерето од оган, додадете ги путерот и белото чоколадо, па спојте ги.
  • Оставете го кремот да се излади.
  • Извадете го тестото од садот во кој стоело, расукајте го и со модла (или чаша) направете крофни.
  • Ставете масло во тавче и кога ќе се загрее, пржете ги крофните со вртење на двете страни.
  • Пржените крофни тргнете ги на страна да се оладат (може да ги ставите врз хартија за да се упие вишокот масло).
  • Кога ќе бидат убаво изладени, со шприц за торти наполнете ја секоја крофна.
  • На крај подгответе ја глазурата - во тенџере на средна температура загрејте ги шеќерот и водата и нежно протресувајте додека не се формира карамелот.
  • Внимателно потопувајте ја секоја крофна во жешкиот карамел, па оставете настрана да се олади, а глазурата да стане крцкава.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by cuisine_chocolat🇫🇷 (@cuisine_chocolat)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg