Рецепт за „медени младенчиња“ - посни колачиња за Младенци

За Младенци, кои се слават на 22 март, се месат 40 колачиња од брашно, кои се премачкани со мед и со нив се послужуваат гостите во домот, за бракот на младенците да биде сладок и долговечен.

recept-za-posni-kolachinja-za-mladenci-01.jpg

Во некои градови во Македонија останала традицијата на празникот Младенци да се замесат 40 посни колачиња, кои се служат на гостите.

Со оглед на тоа што празникот се паѓа за време на Велигденскиот пост, традиционално се подготвуваат посни колачиња, кои се прелиени со мед.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 500g брашно;
  • 25g свеж квасец;
  • 1 лажица шеќер;
  • 2 лажици масло (и дополнително за премачкување);
  • Прстофат сол;
  • Мед за премачкување;
  • 200 ml млака вода.

Начин на подготовка:

  • Се става малку (околу 50ml) млака вода во длабок сад и во него се меша квасецот и шеќерот и се остава да отстои 10-тина минути;
  • Кога ќе нарасне квасецот, постепено се додава маслото, остатокот од млаката вода и постепено се додава брашно, додека не се замеси меко тесто;
  • Тестото се остава да отстои половина час;
  • Кога ќе нарасне се развлекува со сукало, па со чаша се вадат кругови од тесто, како крофни и се редат на претходно премачкан плех;
  • Од оваа смеса би требало да добиете 40-тина колачиња, кои треба да ги оставите да нараснат уште половина час;
  • Рерната се загрева на температура од 160 степени Целзиусови;
  • Колачињата се боцкаат со чепкалка за заби на неколку места, се премачкуваат со малку масло, непосредно пред печењето;
  • Се печат во загреана рерна на температура од 160 степени, додека не добијат златно кафена боја;
  • Откако ќе се изладат, колачињата се премачкуваат со малку мед;
  • По желба можете да ги декорирате со малку суво грозје.

recept-za-mladenchinja-posni-kolachinja-za-mladenci-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg