Три освежителни и здрави пијалаци кои значително ќе ви ја зголемат енергијата

Ако хронично ви недостига енергија (иако сте одморени и здрави), размислете колку течности внесувате и какви пијалаци консумирате во текот на денот.

Tri-osvezhitelni-i-zdravi-pijalaci-koi-znachitelno-kje-vi-ja-zgolemat-energijata 01 630x330.jpg

Многу од соковите што ги пиете можеби имаат скриени шеќери, некои делуваат на зголемена дехидрација на организмот, a пак некои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, но и брзо го намалуваат.

Нездравите пијалаци заменете ги со многу поздрави напитоци во кои доминираат само добри состојки кои ви се од неопходно значење.

Во продолжение за вас издвоивме три здрави пијалаци кои значително ќе ви ја зголемат енергијата:

Лимонада со свежи краставици

  • Едната краставица излупете ја и изблендирајте ја во блендер, а другата исечете ја на кругови.
  • Исцедете сок од еден поголем лимон и една лимета.
  • Во бокал ставете ги сокот од краставица, лимон и лимета и додадете една голема лажица мед.
  • На крајот наполнете го бокалот со вода и уживајте во пијалакот.

Tri-osvezhitelni-i-zdravi-pijalaci-koi-znachitelno-kje-vi-ja-zgolemat-energijata 02 630x380.jpg

Енергетска „бомба“

  • Исцедете четири лимони и една лимета, а во растворот додадете мед.
  • Кога ќе се соединат, додајте вода и еден децилитар чај од нане.
  • Пијте го овој напиток преку ден и верувале или не - ќе биде одлично за подигање на енергијата.

Tri-osvezhitelni-i-zdravi-pijalaci-koi-znachitelno-kje-vi-ja-zgolemat-energijata 03 630x380.jpg

Напиток полн со витамин Ц

  • Сварете еден литар вода и исцедете еден лимон. Ако имате органски лимон, изрендајте ја кората.
  • Додадете една лажица природен шеќер (или мед) и мешајте додека не се растопи.
  • Тргнете ја водата од шпоретот и додадете компот од ананас (ананасот можете да го изблендирате).
  • Кога сè ќе се олади, можете да се послужите.

Tri-osvezhitelni-i-zdravi-pijalaci-koi-znachitelno-kje-vi-ja-zgolemat-energijata 04 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg