Лимонада со хималајска сол – природен лек против дехидрираност и мигрени

Хималајската сол се разликува од обичната сол по чистината и минералниот состав. Таа во голема мера помага против дехидрираност на организмот, а со тоа и ги олеснува симптомите на мигрената.

limonada-so-himalajska-sol-priroden-lek-protiv-dehidriranost-i-migreni-01.jpg

Луѓето што страдаат од мигрени добро знаат дека ништо не може повеќе да го расипе убавото утро од интензивната болка во пределот на слепоочниците и на главата. Сепак, постои верување дека хималајската сол е добра за спречување на мигрените.

Мигрените што често се проследени со гадење, чувствителност на светлина и болка, може да ви го попречат нормалното функционирање. Во суштина, за луѓето што страдаат од овој проблем тешко е и да функционираат нормално.

limonada-so-himalajska-sol-priroden-lek-protiv-dehidriranost-i-migreni-02.jpg

Поголемиот дел луѓе што страдаат од овој проблем, веќе се решиле за одредени лекови што им помагаат за да функционираат нормално, а оние пак што бараат начин да се справат со состојбата без да консумираат лекови можеби слушнале за употребата на хималајската сол.

Хималајската сол може да помогне во состојбата со мигрена, затоа што, еден од главните виновници за појавата на болката е токму дехидратацијата.

Недоволното внесување течности, заедно со симптомите на мигрената што вклучуваат повраќање и загуба на апетитот значат дека брзо губите течности и електролити.

limonada-so-himalajska-sol-priroden-lek-protiv-dehidriranost-i-migreni-04.jpg

Хималајската сол се разликува од обичната сол поради чистината и минералниот состав. Богата е со калциум, магнезиум, калиум и други минерали.

Доколку вашите мигрени се јавуваат како резултат на дехидратација, тогаш едноставната лимонада со хималајска сол може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Напомена: Пред да го консумирате пијалакот консултирајте се со вашиот лекар за можни несакани ефекти од солта, зависно од вашата здравствена ситуација. 

Потребни состојки:

  • ¼ лажичка розова хималајска сол
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 250 ml вода
  • Една лажица мед (по желба)

Подготовка:

Во водата ставете хималајска сол и сок од лимон. Измешајте ги состојките додека не се разложат во целост.

По ова, додадете и мед како засладувач. Доколку не ви пречи да го пиете солено-киселиот пијалак, тогаш слободно можете да го изоставите медот.

Лимонадата се пие веднаш по подготовката.

limonada-so-himalajska-sol-priroden-lek-protiv-dehidriranost-i-migreni-05.jpg

Инаку, најчести знаци на дехидрираност се: зголемено чувство за жед, сува уста, замор, намалена потреба за мокрење, главоболки, сува кожа, вртоглавици, намалено потење, намален крвен притисок, забавен пулс.

Б. С. Б. | Црнобело/ Фото: Freepik/Pixabay

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg