Чоколадна диета: Слабејте со вашиот омилен десерт

За да го намалите вишокот на килограми не е вистина дека неопходно е да се откажете од сите омилени слатки. Чоколадата останува на трпезата со оваа диета.

cokoladna-dieta-slabejte-so-vashiot-omilen-desert-01.jpg

Зошто? Тајната лежи во моќите на главната состојка од која е направена чоколадата. Какаото е исполнето со здрави состојки, флавоноиди и теобромин и таен убиец за многу заболувања. Со јадење на чоколада ќе имате поздраво срце, ќе ги намалите килограмите, ќе бидете посреќни и ќе го намалите стресот.

Ова е една диета која ќе ви даде можност на здрав и поволен начин да го вметнете консумирањето на чоколадото.

Диетата подразбира консумирање на три главни оброци и една вкусна ужина секој ден. За време на диетата пијте 8 чаши вода секојдневно и чаеви и кафиња подготвени со топло млеко.

Оваа диета забранува консумирање на алкохол. Покрај тоа неопходни ќе ви бидат и секојдневни прошетки од најмалку 30-тина минути.

Основна препорака е да се придржувате до неа најмалку месец дена и со неа може да загубите дури 7kg.

Прв ден

Појадок: 30g чоколадни мусли со млеко и овошје по избор

Ручек: Интегрален леб со малку павлака, половина исецкано авокато и мешана салата

Вечера: 150g тофу сирење, боранија, зелка, кромид, бибер и печурки пропржени во маслиново масло и послужени со 50g интегрални тестенини


Втор ден

Појадок: 1 варено јајце со две парчиња интегрален тост

Ручек: Било каква бистра супа и два тоста премачкани со еурокрем по желба

Вечера: Туна измешана во салата


Трет ден

Појадок: Една кесичка чоколадна овесна каша со млеко и едно јаболко

Ручек: 25g младо сирење и 4 сецкани парчиња шунка, ситно исецкани и додадени во салата од домати, краставици, целер, зелена салата и зачини по желба

Вечера: 4 парчиња печено пилешко месо, 2 компира со средна величина и неограничена количина на зелен зеленчук. И една круша


Четврти ден

Појадок: Овошна салата од три вида овошје по желба и една чаша јогурт

Ручек: Интегрална кифла со виршла со темен кромид, шери домати, зелена салата и кечап

Вечера: Оброк по желба но да не биде повеќе од 350 калории и ред црна чоколада.

cokoladna-dieta-slabejte-so-vashiot-omilen-desert-001.jpg

Петти ден

Појадок: Две парчиња интегрален леп премачкани со еурокрем

Ручек: Омлет од две јајца, 20g сирење и рака спанаќ припремен на многу мала количина маслиново масло. Сервирајте со зелена салата и завршете со коцка чоколада

Вечера: Пилешки стек со неколку лажици пире, брокули и боранија. Една јаболка и една лажичка чоколаден крем.


Шести ден

Појадок: Крофна со чоколадо

Ручек: Еден варен компир и зелена салата

Вечера: Риба по желба со два компира и зелка салата


Седми ден

Појадок: Шејк од една банана и 2dl варено млеко. Плус едно јаболко

Ручек: Сендвич од 350 калории и една чоколадна коцка

Вечера: Помешајте една конзерва грав со домат, кромид и една мала тиквица. Исецкајте ги, посолете и пржете ги додека не омекнат. Комбинирајте ги со половина шолја обарен интегрален ориз

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg