Диета без изгладнување: Едноставен начин да ослабете и да го исчистите организмот

Пролетта е идеален период во кој треба да му се посветите на телото и здравјето. Затоа уште од денес почнете да ги применувате овие правила ако сакате да ослабете и да го исчистите организмот од насобраните маснотии и токсини.

dieta-bez-izgladnuvanje-ednostaven-nacin-da-oslabete-i-da-go-iscistite-organizmot-01.jpg

1. Внесувајте повеќе течности

Водата го освежува целиот систем и ви ја подобрува работата на бубрезите, црниот дроб, дебелото црево и лимфните жлезди. Целта не е да се налевате со вода, туку внимателно да распоредите 6-8 чаши вода и 1-2 шолји кафе или чај. Ако одите во тоалет еднаш на 2-3 часа и притоа урината е прилично чиста, тоа значи дека организмот ви е доволно хидриран.


2. Распоредувајте, но не ги прескокнувајте оброците

Внесувајте во просек околу 1400 до 1600 калории дневно. Нема да изгубите многу килограми, но ќе бидете полни со енергија. Кога ќе внесете помалку од 1200 калории дневно, вашето тело почнува да ги троши мускулите, наместо мастите. Затоа не ги избегнувајте оброците, туку трудете се да јадете помалку калорична храна.

dieta-bez-izgladnuvanje-ednostaven-nacin-da-oslabete-i-da-go-iscistite-organizmot-02.jpg

3. Важно е денот да го започнете со здрав појадок

Знаеме дека 100 пати сте го слушнале истиот совет, но тоа е вистината. Прескокнувањето на појадокот подоцна може да предизвика неконтролирана глад. Наша препорака е за појадок да консумирате овесна каша, а за да го збогатите вкусот, додајте малку ореви, цимет, мед или сезонско овошје. Јогуртот со житарки, јаболкото со путер од кикирики, кајганата и интегралниот тост со лосос може да бидат уште една варијанта за појадок.


4. Јадете зелено. За ручек и вечера направете зелен шејк

Во блендер ставете 2 шолји спанаќ, брокула или моркови, 1/3 шолја јогурт, сурутка во прав, соја млеко или белка, малку зачин како ѓумбир, цимет или мускатно оревче и ако сакате да го засладите додајте половина портокал, јаболко или друго овошје по ваш избор. Овој пијалак е многу поздрав од сите купечки затоа што е богат со здрави влакна. Зелениот шејк ќе ви обезбеди доволно витамини, минерали, протеини и антиоксиданси. Содржи околу 300 калории, така што слободно може да го консумирате 2 пати дневно.

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg