Бесплатен топач на килограми: Трик диета само со вода
Додека ги топите вишокот килограми, еден од најголемите сојузници е водата. Совршена помош ако сакате да го исчистите телото од токсини и вишок маснотии, но и ако сакате да се спасите од прејадување.
Освен што достојно ги заменува сите сокови и слатки пијалаци, водата ќе ви обезбеди губење на килограмите без откажување.
2 правила за бесплатно топење на мастите до кои треба да се држите:
Чаша вода пред јадење
Кога ќе огладнете, испијте 200ml вода и почекајте 10 минути. Дури по тие 10 минути може да откриете дали навистина сте биле гладни или само жедни.
Чаша вода по јадење
Метаболизмот двојно ќе го забрзате ако испиете чаша вода во текот на оброкот и уште една по оброкот. Ефектот ќе го почувствувате само 10 минути откако ќе ја испиете.
Освен тоа што телото е 70% вода, водата позитивно влијае на варењето на храната, апсорбирањето на хранливи материи, ја подобрува циркулацијата на крвта и ја одржува телесната температура.
Затоа, наместо да се изгладнувате, пробајте го овој бесплатен начин на слабеење.