Како да ги отстраните вишокот килограми од бутовите и колковите?

Природата ни дала различни градби, па така додека некои од нас се здебелуваат во горниот дел од телото, други се мачат со салото на бутовите и задникот...

kako-da-gi-ostranite-visokot-kilogrami-od-butovite-i-kolkovite-1

Доколку спаѓате во втората група, тогаш за да ги отстраните вишокот на килограми неопходно е да промените одредени навики и да започнете да го решавате проблемот.

Бидете упорни и вашиот труд ќе се исплати:

1. Добар појадок

Никогаш немојте да го прескокнувате појадокот, кој треба да ви пружи доволно енергија за целиот ден. Појадокот треба да биде богат со витамини, кои ќе го подобрат варењето и ќе го забрзаат метаболизмот.

kako-da-gi-ostranite-visokot-kilogrami-od-butovite-i-kolkovite-2


2. Кардио вежби

Најдобриот начин да ги отстраните вишокот на килограми од бутовите, колковите и задникот е со помош на кардио вежби, кои ги активираат токму овие делови од телото. Трчањето, возењето велосипед, ролери и слично е тоа што ви е потребно за совршена фигура.

kako-da-gi-ostranite-visokot-kilogrami-od-butovite-i-kolkovite-3


3. Вистинските вежби

За да вашите нозе и задник изгледаат убаво, потребно е да ги правите вистинските вежби, односно оние кои чија цел се мускулите од тие области. Постојат голем број на вежби кои можете да ги правите во вашиот дом. Одберете ги оние кои најмногу ви одговараат и правете ги барем по половина час дневно.

kako-da-gi-ostranite-visokot-kilogrami-od-butovite-i-kolkovite-4


4. Движете се што повеќе

Секој пат кога ќе имате шанси искористете го просторот околу вас за вежбање: качете се по скали, наместо по лифт, забрзајте го чекорот кога ќе наидете на угорнина, направете чучневи во канцеларија и слично. Сите овие активности ќе ја забрзаат работата на срцето и така ќе согорите повеќе калории, но и ќе го затегнете долниот дел од телото.

kako-da-gi-ostranite-visokot-kilogrami-od-butovite-i-kolkovite-5


5. Правилна хидратација

Секој пат кога ќе ожеднете посегнете по чаша вода, наместо по сок. Така ќе го намалите внесувањето на калории и правилно ќе го хидрирате телото, што е неопходно за проток на материи и забрзување на метаболизмот. 

kako-da-gi-ostranite-visokot-kilogrami-od-butovite-i-kolkovite-6

Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg