4 начини да ослабете со тестенини
Ако сакате да ослабете, не мора да гладувате и да си го забранувате најслаткото. Всушност, може да ја постигнете идеалната тежина дури и ако уживате во омилените шпагети и макарони.
Она што е важно е да ги комбинирате со соодветните додатоци кои ќе ви помогнат да ги согорите калориите.
Црни маслинки и фета сирење
Можеби ви звучи неверојатно но сочниот прелив може слободно да го јадете без грижа. Пет оброци неделно од тестенини прелиени со овие состојки ќе ви помогнат да ги согорите мастите.
Зелен зеленчук и чили
Подгответе си пролетни тестенини со зелен зеленчук и чили кои ќе ве заситат доволно за цел ден да не ви се пријаде ништо друго.
Едноставни шпагети
Не ги преварувајте тестенините, бидејќи така се повкусни. Предолгото варење ја менува структурата на јаглените хидрати. Тргнете ги од огнот 2 минути порано од вообичаеното варење.
Сос од домати
Кога правите сос од домати, задолжително додајте и босилек. Оваа билка го намалува нивото на хормонот кортизол, кој помага во складирањето масти. Без босилекот диетата нема да ви биде ефикасна.