Зошто не можете да го отстраните салото од стомакот?
Ако спаѓате во групата на луѓе кои пробале секакви диети и вежби, а сепак не успеале да го симнат салото околу стомакот, проверете да не правите некоја од овие грешки.
Недостаток на магнезиум
На телото му е потребен магнезиум за нормално работење на срцето, нервите и мускулите. Но, тој има влијание и врз губењето на килограми и обликување на телото. Едно истражување покажало дека доволното внесување на магнезиум се поврзува со ниското ниво на гликоза и инсулин, плус има смирувачко дејство за време на менструалниот циклус.
Совет: Почесто консумирајте лиснат зеленчук, грав, мешунки и јаткасти плодови.
Храна со премногу сол
Кога имате чувство дека по солениот оброк сте буквално подуени, не ви се причинува. Солта предизвикува преместување на водата од крвотокот во кожата, па затоа големата консумација на сол ќе ве направи да се чувствувате подебело. Повеќе од 90% од луѓето ја преминуваат препорачаната дневна доза, која е 4 грама.
Совет: Избегнувајте го додавањето на сол во јадењата и заменете ја со други зачини. Пробајте да готвите со чили, бибер, ѓумбир, рузмарин, цимет...
Газирани пијалаци
Газираните пијалаци буквално се лепат на вашиот струк. Доволни се само 2 чаши дневно за салото на стомакот да се собере 5 пати побрзо.
Совет: Заменете ги со природни сокови. Плус, придржувајте се до правилото за 8 чаши вода во денот и пијте многу незасладени чаеви. Не треба ни да се откажете од кафето, кое е корисно во умерени количини.
Недостаток на сон
Ако имате чувство дека константно ви недостасува сон, освен што сте хронично изморени, тоа чувство го спречува топењето на масните наслаги од стомакот. Плус, заради неспиењето почесто консумирате масна храна, односно тогаш се активира хормонот на глад.
Совет: За да го регулирате апетитот и салото околу стомакот, спијте најмалку 7 до 9 часа дневно. Одржувајте ја температурата на собата во која спиете околу 18-от степен, избегнувајте кофеин после 19 часот и обидете се да воведете некоја рутина кога се работи за легнувањето.
Јадете погрешни маснотии
Телото не реагира исто на сите маснотии. Заситените масти се далеку поштетни од оние кои содржат омега 3 масни киселини. Омега 3 киселините ги има во оревите, сончогледот, лососот, маслиновото масло и авокадото, заради што треба почесто да ги консумирате.
Совет: Избалансирајте го односот помеѓу заситени и незаситени масти во текот на еден ден.