Сакате рамен стомак како моделите? Следете ги овие утрински правила
Велат дека денот по утрото се познава, па тогаш зошто утрото не би го започнале со широка насмевка?
По серијата позитивни мисли ви предлагаме да се придржите до овие 3 правила за фит тело:
Не го прескокнувајте појадокот
Ова е важно правило и колку и да не ви се јаде штом се разбудите, натерајте се со сила да каснете нешто. Појадувајте најдоцна 1 час откако ќе се разбудите, не чекајте да стигнете на работа.
Внесете протеини
Ако го започнете денот со протеини, ќе бидете посити. Потрудете се да појадувате јајца, интегрален леб, печеница или грчки јогурт. Така ќе останете најадени до подоцна, затоа што протеините се варат побавно.
Задолжително каснете и една банана
Бананите ќе ве наполнат со енергија и ќе го поттикнат лачењето на хормонот на среќа.