5 Зимски намирници кои лесно и брзо ги отстрануваат килограмите
Во текот на зимскиот период помалку се движиме, а да не ги споменеме сите слави и празници на кои единствена задача ни е да го изедеме она што е поставено на масата.
Токму и поради тие причини, во зима полесно и побрзо качуваме вишок на килограми.
За да го избегнете проблемот со вишокот килограми, консумирајте ги редовно овие намирници кои ќе ви помогнат полесно да слабеете:
1. Моркови
Во текот на зимата месото заменете го со зеленчук, за да го смалите внесувањето на калории. Морковите се одлична опција, бидејќи ќе ве држат сити и ќе ви го намалат апетитот.
2. Спанаќ
Содржи двојно повеќе влакна од останатиот зелен зеленчук, што го прави идеален избор за слабеење. Освен тоа, спанаќот содржи антиоксиданси, кои ќе ви ја обезбедат енергијата која е неопходна во ладните денови.
3. Компир
Многумина сметаат дека компирот не помага во слабеење, но всушност тој е одличен избор доколку сакате да ги стопите килограмите. Варениот компир и пирето консумирајте ги неколку пати во неделата и ќе ги отстраните масните наслаги во долниот дел од стомакот.
4. Кромид
Содржи минерал кој им помага на клетките подобро да одговорат на инсулинот, а со тоа се држи под контрола нивото на шеќерот.
5. Ротквици
Богати се со влакна и вода, па со нив лесно ќе го наполните желудникот и подолго ќе бидете сити. Искористете ги ротквиците како мезе или грицки за да се држите подалеку од нездрава храна.