Како да слабеете додека спиете?
Можеби досега сте пробувале најразлични диети од кои брзо се откажувате затоа што не можете да се воздржите од храна.
Сепак, килограмите остануваат. Затоа, потребни се некои мали и едноставни трикови кои ќе ви помогнат во одржувањето на линијата.
Пробајте ги овие техники, па уверете се во резултатите кои може да ги постигнете и додека спиете:
Доцен тренинг
Заборавете ги утринските вежби за растегнување и подобра форма. Време е да ја промените тактиката. Наместо да вежбите рано наутро, почнете вежбите да ги правите навечер или по работното време. Задоцнетите вежби ќе ви го забрзаат метаболизмот и со тоа ќе помогнат да ослабете некој килограм додека спиете.
Студен туш
Една студија покажала дека 30 секунди туширање со ладна вода го активира телото и согорува масти и речиси 400 калории дури и ако спиете.
Зелен чај
Флавоноидите од зеленениот чај го забрзуваат метаболизмот, па ако во текот на денот испиете повеќе од 3 чаши, тоа ќе ви помогне за согорувањње на дополнителни 3,5 проценти калории во текот на ноќта.
Дремка
Студија за интерна медицина открила дека само 16 минути сон во текот на денот може да го подобри метаболизмот. Со зголемувањето на сонот се редуцира грелинот, ензимат кој го стимулира апетитот, а се зголемува нивото на лептин кој служи за да го контролирате апетитот во текот на денот.