Идеи од скандинавските домови кои ќе сакате да ги украдете и во вашиот
Скандинавскиот начин на уредување е чист, едноставен и пред сè практичен, па можеби затоа сите го обожаваат и многу почесто го применуваат во своите домови.
Веќе одамна минимализмот е во мода кога се работи за уредување на собите, а скандинавците најдобро знаат како да додадат малку топлина во таа едноставност.
Плетени навлаки за перници, вештачко крзно послано покрај креветот, по некое огледало за визуелно зголемување на просторот - и на добар пат сте да го трансформирате домот како Шведските станови од списанија.
Ова се 10 идеи низ фотографии кои сигурно ќе ви се најдат во таа мисија:
1. Палетата на бои нека биде едноставна и смирена.
2. Ако сакате да создадете интимна атмосфера, целините одвојте ги со завеси наместо со нов ѕид.
3. Изложете ги книгите со убави корици, сликите без рамки, дрвените ситници, ретро фотоапаратите...
4. Не ја кријте облеката. Декорирајте со неа.
5. Наместо табла од плута, изложете ги сите стикери и украсни ливчиња на жица и закачалки.
6. Мешајте го дрвото со други материјали. Бирајте мебел со дрвени ногарки за подобар ефект.
7. За осветлување користете „голи“ сијалици.
8. Металните ламби се секогаш добредојдени.
9. Префрлете по некоја прекривка на столчињата кои делуваат ладно и неудобно.
10. Купувајте „распар“.
Уште неколку фантастично уредени скандинавски простори:
Д. М. | Црнобело