Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош?

Важно е да запаметите дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело друго дете, бидејќи секое стапало на специфичен начин го обликува чевелот, што може лошо да влијае на стапалата на другото дете и да доведе до неправилности во развојот.

ramni-stapala-kaj-deca-shto-gi-predizvikuva-i-koga-e-vreme-da-pobarate-pomosh-01.jpg

Рамните стапала кај децата се прилично честа појава, поради фактот што нивните коски и зглобови сè уште се исклучително флексибилни.

Повеќето деца ја надминуваат состојбата на околу шестгодишна возраст.

Доколку детето чувствува болка и непријатност поради рамните стапала, препорачливо е уште веднаш да се консултирате со стручно лице кое ќе ви даде соодветен третман.

Што треба да знаете за оваа појава?

Што ги предизвикува рамните стапала?

Повеќето бебиња и мали деца имаат рамни стапала. Како што растат, обично се развива лак. Но, кај некои лакот не се формира.

Рамните стапала може да настанат од тесни ахилови тетиви, проблеми со мускулите, а и децата со некои видови на генетски нарушувања (како Даунов синдром) може да имаат рамни стапала.

Исто така, тие може да бидат наследни во семејството.

Одредени фактори можат да го зголемат ризикот од појава на рамни стапала со текот на времето, вклучувајќи:

  • Дебелина
  • Дијабетес
  • Ревматичен артритис
  • Повреди на стапалото или глуждот
  • Стареење

ramni-stapala-kaj-deca-shto-gi-predizvikuva-i-koga-e-vreme-da-pobarate-pomosh-02.jpg

Знаци и симптоми

Повеќето личности со рамни стапала немаат некои проблеми или симптоми, туку тие се забележуваат со набљудување на стапалото.

Сепак, некои може да искусат:

  • Болка во стапалото, особено во пределот на петицата
  • Болка во нозете која станува поинтензивна при активност
  • Оток на глуждот

Ако вашето дете се пожали на некој од овие симптоми, задолжително консултирајте ортопед.

ramni-stapala-kaj-deca-shto-gi-predizvikuva-i-koga-e-vreme-da-pobarate-pomosh-03.jpg

Испитување и дијагноза

Ако вашето дете не чувствува болка или други симптоми, најчесто не е потребно дополнително тестирање за рамните стапала.

Децата кои имаат симптоми треба да бидат прегледани од ортопед кој ќе изврши целосен преглед.

Лекарот ќе побара од вашето дете да ја опише болката, дали е ненадејна, остра и дали има некои активности што ја олеснуваат или влошуваат болката.

Лекарот може да го набљудува детето како оди, како стои или трча.

Ако детето искусува значителна болка во стапалото, лекарот може да побара да направите рендген снимки, компјутерска томографија, магнетна резонанца и слично.

ramni-stapala-kaj-deca-shto-gi-predizvikuva-i-koga-e-vreme-da-pobarate-pomosh-04.jpg

Третмани на рамни стапала кај дете

Проблемот со рамни стапала кај децата најчесто се решава на два начина: активно, односно со вежбање, и пасивно, односно со носење соодветни влошки и обувки.

Кога станува збор за вежбањето, се препорачуваат активни вежби насочени кон зајакнување на мускулите на стапалото, како што се:

  • Одење на прсти и потпетици, наизменично
  • Подигнување мали топчиња со помош на прстите на нозете и пренесување на истите од едно на друго место
  • Вежби за кревање кофичка со песок со помош на прстите на нозете
  • Свиткување парче хартија или материјал со помош на прстите на нозете

ramni-stapala-kaj-deca-shto-gi-predizvikuva-i-koga-e-vreme-da-pobarate-pomosh-05.jpg

Кога станува збор за пасивна корекција, тогаш се препорачува носење соодветни ортопедски влошки и ортопедски обувки.

Децата до 3-годишна возраст мора да носат длабоки чевли, над зглобот на глуждот, бидејќи нивните мускули сè уште не се доволно развиени.

Чевлите треба да бидат стабилни цврсти во задниот дел и флексибилни во средината и напред.

Тие треба да бидат удобни за да овозможат раст на стапалото и нормално движење. Не е добро чевлите да бидат премногу меки, бидејќи нема да обезбедат доволно стабилност на стапалата.

Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело друго дете, бидејќи секое стапало на специфичен начин го обликува чевелот, што може лошо да влијае на стапалата на другото дете и да доведе до неправилности во развојот.

ramni-stapala-kaj-deca-shto-gi-predizvikuva-i-koga-e-vreme-da-pobarate-pomosh-06.jpg

Грижете се за стапалата на вашето дете буквално од самото раѓање, затоа што така најдобро ќе му помогнете правилно да се развива и да живее здрав живот.

При секое двоумење или нејаснотија, задолжително консултирајте се со ортопед со чијашто помош ќе му го обезбедите најдоброто на вашето дете.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg