Каде најчесто ограбуваат туристи?

kade-ograbuvaat-turisti-povekjeПознато е дека таму каде што има најмногу туристи има и најмногу крадци. Туристичкиот веб сајт TripAdvsior направил листа на десет најпосетени...

 

...места, каде што има најголема опасност да бидете ограбени. Кражбите понекогаш се многу интересни, крадците режираат цели сцени за да го привлечат вниманието на туристите.

Европските градови доминираат на листата. Еве ги топ 10 озлогласени места:

1. Лас Рамблас во Барселона, Шпанија
Лас Рамблас е долга пешачка улица, полна со туристи, лажни улични музичари и продавачи во секое време на денот и ноќта.

2. Рим, Италијаkade-ograbuvaat-turisti
Особено опасно е околу фонтана Ди Треви и Колосеумот. Крадците понекогаш режат ремени на торби и фотоапарати, а кога ќе почувствувате дека товарот ви е полесен од вообичаеното веќе е доцна - професионалците се исчезнати во толпата.

3. Прага, Чешка
Меѓу ризичните места се Charles Bridge, Замокот, како и кејот покрај реката Волтава.

4. Мадрид, Шпанија
Крадците се најактивни во метрото, на пазарот Ел Растро и во музеите.

5. Париз, Франција
Метрото е опасно, и крадците ги следат туристичките атракции.

6. Фиренца, Италија
Градот е полн со уметнички дела, кои го апсорбираат целото внимание на импресионираните туристи. Запомнете дека додека вие се воздишувате на скулптура на Микеланџело, некои луѓе се на работа.

7. Буенос Аирес, Аргентина
Еден од проблемите на инаку прекрасната аргентинска престолнина се птиците кои од време на време "испуштаат" непријатни работи на туристите. Тоа во основа е многу успешен трик кој крадците го користат. Додека вие се чистите од изметот на птицата ви доаѓа љубезен граѓанин, локален жител кој ви помага во чистењето на облеката. Кога ќе си замине, ќе забележите дека и џебовите ви се исчистени.

8. Амстердам, Холандија
Амстердам не е шумен, како повеќето познати дестинации. Амстердам импресионира со спокојната атмосфера и прекрасните канали. Едноставно се чудите кога успеале да ве опљачкаат без воопшто да почувствувате.

9. Атина, Грција
Најопасен е Акрополот, како и другите историски знаменитости.

10. Ханој, Виетнам
Најголем ризик е стара населба, која е полна со споменици, околу кои секогаш има многу туристи. Во градот има околу 600 верски храмови, што го прави рај за крадците.

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Туристички замки што треба да ги избегнувате во Европа, според локалци Халштат во Австрија, Дубровник во Хрватска, како и замокот на Дракула во Романиј...
Што треба да видите во Тунис на вашата прва посета, според позната инфлуенсерка од Србија? Оазата Чебика, колосеумот во Ел Џем и, секако, пустината Сахара се само дел од м...
Дестинација за сите сетила – Азорските острови во Атлантскиот Океан Речиси секоја држава поседува свои скриени територии, кои не се преплавени со бе...
Гари, Зрзе - Шест преубави македонски села кои треба да ги посетите Зовиќ, Гари, Ореше - сте ги посетиле ли овие наши преубави села? Ако не, време е...
Македонка што живее во Бразил: „Зошто сум воодушевена од здравствениот и образовниот систем во оваа ... „Најголем плус е што образовниот систем е бесплатен, а сите ученици имаат појадо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg