Земјоделец, ѓубреџија: Луѓе откриваат кои се најпотценетите професии - се согласувате ли?

„Не знам која е причината зошто со потценување се гледа на професијата ѓубреџија, но без нив јас не знам што би правеле. Размислете...“

zemjodelec-gjubredjija-lugje-otkrivaat-koi-se-najpotcenetite-profesii-se-soglasuvate-li-01.jpg

Во последно време постојано како да се зборува само за одредени професии како политичари, програмери и слично.

Но, реалноста е дека постојат многу повеќе професии и дека голем дел од нив, за жал, се потценети.

BuzzFeed направи истражување кои се тие, а луѓето дојдоа до некои заклучоци.

Професии кои се потценети, според читателите на BuzzFeed:

Хигиеничар/ка во училиште.

„Сите зборуваат за работата на учителките, но никој за тоа кој го одржува училиштето во ред, средува по учениците, собира отпад, одлепува мастики, брише прозорци и што уште не“.

Ѓубреџија

„Не знам која е причината зошто со потценување се гледа на нив, но без ѓубреџии јас не знам што би правеле. Размислете...“

zemjodelec-gjubredjija-lugje-otkrivaat-koi-se-najpotcenetite-profesii-se-soglasuvate-li-03.jpg

Преведувачи

„Овие луѓе прават светот да функционира, а никој не зборува за нив“.

Работници во компаниите за струја

„Некој мора да се погрижи за каблите кои носат струја до нашите домови кога ќе ги погоди гром или кога има некаква незгода, нели?“

zemjodelec-gjubredjija-lugje-otkrivaat-koi-se-najpotcenetite-profesii-se-soglasuvate-li-02.jpg

Административни работници

„Ех, тие работат шаблонска работа! Но, дали ако не ја сработат, процесите ќе ни функционираат?“

Градежни работници

„Тие се буквално темелите на нашето општество“.

zemjodelec-gjubredjija-lugje-otkrivaat-koi-se-najpotcenetite-profesii-se-soglasuvate-li-04.jpg

Диспечери во полиција

„Често се случува да се соочат со најстрашни ситуации, кога треба да останат смирени и да пронајдат решение“.

Земјоделци

„Тие се потценети, а од нив зависи дали ќе имаме храна на трпезата од локално производство или ќе имаме скап увоз од далечни земји“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg