Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно

Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната школка и дека не мора со сите хулахопки да носите долна облека?

sekojdnevni-raboti-shto-ne-sme-svesni-deka-gi-pravime-pogreshno-01.jpg

Човек учи додека е жив, а колкупати досега ви се случило да сфатите дека некоја работа цел живот сте ја правеле погрешно?

Во продолжение да погледнеме 9 секојдневни работи што сите сметаме дека ги правиме правилно и не сме ниту свесни дека постојат полесни и поедноставни опции:

Го лупите авокадото со лажица или нож

Кога станува збор за киви, авокадо и манго, речиси сите имаме навика да ги лупиме со нож или да го извадиме внатрешниот дел со лажица.

Сигурно не знаевте дека истото можете да го направите и со работ на обична чаша за вода и внатре да го заржите делот што треба да го консумирате.

sekojdnevni-raboti-shto-ne-sme-svesni-deka-gi-pravime-pogreshno-02.jpg

Освежувачот за тоалетната школка го ставате врз работ

Наместо да го ставате освежувачот на надворешниот раб од тоалетната школка, можете да го прикачите и за внатрешниот дел, односно да го протнете под работ од школката, па така нема да ви пречи кога го спуштате капакот.

sekojdnevni-raboti-shto-ne-sme-svesni-deka-gi-pravime-pogreshno-03_copy.jpg

Фиоката под рерната ја користите за тави и плехови

Најголем дел од луѓето што имаат класичен шпорет, фиоката под рерната ја користат за чување тави и тенџериња.

Оваа фиока уште се нарекува и топла фиока и нејзината намена е во неа да го ставате оброкот по печењето за да не се излади многу брзо.

sekojdnevni-raboti-shto-ne-sme-svesni-deka-gi-pravime-pogreshno-04.jpg

Користите фолија за печење на храната

Многу често луѓето користат фолија кога сакаат храната да се пече побавно, иако е познато дека таа има штетно влијаније.

Исто така, фолијата не е соодветна ниту за покривање храна која треба да ја ставите во ладилник, затоа што не ја штити целосно од надворешните влијанија.

sekojdnevni-raboti-shto-ne-sme-svesni-deka-gi-pravime-pogreshno-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg