Познати личности кои заболеле од Паркинсонова болест

„Мојата прва реакција беше: 'Сте направиле грешка, не сте свесни кој сум јас'. Дијагнозата ме преплаши и бегав од неа“, изјави  еден од славните актери со Паркинс. За луѓето кои боледуваат од оваа болест се вели дека се „луѓе со брилијантен ум заробени во сопственото тело“.

poznati-lichnosti-koi-zabolele-od-parkinsonova-bolest-01.jpg

Паркинсоновата болест е хронична невродегенеративна болест на централниот нервен систем која се карактеризира со нарушувања на движењето, при што доаѓа до умирање на клетките кои лачат допамин. 

Станува збор за втора најчеста невродегенеративна болест која влијае на 2-3% од луѓето над 65-годишна возраст.

За луѓето кои боледуваат од оваа болест се вели дека се „луѓе со брилијантен ум заробени во сопственото тело“.

Симптоми кои ги чувствуваат заболените се тремор односно треперење на екстремитетите, често во раката или прстите, потоа забавени движења, грчеви во мускулите, нарушувања на држењето и рамнотежата, намалување на моторните функции како што се трепкање, смеење, тешкотии во зборувањето и пишувањето. 

Многу познати личности боледувале од Паркинонова болест, а некои од нив и понатму се борат со оваа дијагноза:

Мухамед Али

Роден како Касиус Клеј, Али е познат низ целиот свет како боксерски шампион. 

Во 1984 година, три години по повлекувњето од боксот, му била дијагностицирана Паркинсонова болест.

Во 2000-тите Али собирал средства за истражување на оваа болест. Помагал и за основање на Центарот Мухамед Али Паркинсон, во Феникс.

Неговата битка заврши во 2016 година.

Робин Вилијамс

На Вилијамс му била дијагностицирана Паркинсонова болест три месеци пред смртта, во август 2014 година. 

По неговата смрт било потврдено дека имал и деменција, која е тесно поврзана со Паркинсоновата болест.

Ози Озборн

Хеви метал ѕвездата Ози Озборн дознал дека има Паркинсонова болест во 2019 година.

Првпат јавно на оваа тема зборуваше во интервју со Робин Робертс за програмата „Добро утро Америка“ во јануари 2020 година. 

„Има многу различни типови на Паркинсонова болест. Тоа не е смртна казна, но влијае на твоето тело. Тоа е како да имаш навистина добар, а потоа ужасен ден“, рекол славниот музичар.

Мајкл Џеј Фокс

Кога имал само 29 години, на актерот му била дијагностицирана Паркинсонова болест.

Докторите му предвидувале само 10 години живот, па одлучил да се повлече од актерството.

„Искрено, мојата прва реакција беше: 'Сте направиле грешка, не сте свесни кој сум јас'. Си помислив дека е бесмислено мене тоа да ми се случува. Дијагнозата ме преплаши и бегав од неа“, раскажал актерот за Closer Weekly.

Денес, на 62-годишна возраст одбива да допушти болеста да го спречува во уживање во животот.

Со својата фондација ги инспирира и другите заболени и сам по себе е доказ дека и со таква дијагноза може да се живее со полн здив.

Били Коноли

Шкотскиот актер и комичар Били Коноли дознал дека има рани симптоми на Паркинс само неколку часа откако докторот го известил дека има канцер на простатата.

Во документарниот филм The Big Yin, Били се осврнал на неговите најтешки моменти во животот и борбата со Паркинсоновата болест.

„Во времето кога најавив дека ќе се повлечам, јавноста веќе можеше да забележи дека човекот кој се појавува на телевизија не е стариот Били.

Тоа не беше ниту мојот говор ниту моите движења. Бев принуден да се повлечам, а мислам дека болеста ќе ме докрајчи“, кажал Били.

Денес има 81 година, ракот го оперирал, но со Паркинсоновата болест и понатаму се бори.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Првиот син ѝ се самоуби, а со двајцата посвоени не разговараше: Факти за Тина Тарнер, која почина на... На возраст од само 10 години мајка ѝ ја напуштила, откри дека поранешниот сопруг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg