Кејт Мидлтон (42) откри дека ѝ дијагностицирале рак: „Беше огромен шок, одам на превентивна хемотерапија“

Кејт Мидлтон вечерва првпат се појави во јавноста по декември 2023, и по сите шпекулации за нејзиното здравје, во видео обраќање, кое се емитуваше на BBC, откри дека лекарите ѝ дијагностицирале рак.

kejt-midlton-42-otkri-deka-i-dijagnosticirale-rak-beshe-ogromen-shok-odam-na-preventivna-hemoterapija-01.jpg

Во видеото, принцезата од Велс вели дека ракот ѝ е дијагностициран по операцијата на абдоменот во јануари 2024 и дека е во рана фаза на лекување, но и дека превентивно почнала лекување со хемотерапија.

Таа во видеото вели и дека дијагнозата ѝ била огромен шок по „неверојатно тешките неколку месеци низ кои поминала“.

„Јас сум добро и секој ден станувам посилна“, вели во позитивната порака до јавноста.

кејт-04.jpg

Во изјавата на принцезата, таа објаснува дека кога имала операција на абдоменот во јануари, не се знаело дека има рак.

„Тестовите по операцијата покажаа дека имало рак и затоа мојот медицински тим ме советуваше да поминам превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, вели Кејт.

кејт-02.jpg

Таа додава и дека нејзините мисли се со сите оние кои боледуваат од оваа болест и им порача да не губат надеж.

„Вилијам и јас правевме сè што можеме за ова да остане приватно за доброто на нашето семејство. Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луи на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро“, додава таа.

кејт-03.jpg

Деталите за ракот не се откриени, но од Кензингтонската палата велат дека се уверени дека принцезата целосно ќе закрепне.

Погледнете го видео обраќањето на Кејт:

Прочитајте и Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Гласини дека имала компликации заради булимија – Кејт Мидлтон пуштена од болница по 2 недели „Се верува дека на Кејт морало итно да ѝ биде направена операција заради оштетув...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg