Медитацијата е корисна колку и годишниот одмор - Какви придобивки има?

Само 15 минути медитација се поврзани со слични придобивки како од ден на одмор, барем кога станува збор за концентрацијата.

 istrazhuvanje-meditacijata-e-korisna-kolku-i-godishniot-odmor-01.jpg

Според едно ново истражување, од медитацијата и одморот има исти придобивки за нашите ум и тело. Со помош на медитација, луѓето подобро се фокусираат и имаат помалку негативни емоции.

Истражувањето покажало дека медитацијата и одморот се поврзани со поголема благосостојба и среќа.

„Ова истражување е продолжение на поголемо истражување кое го спроведивме јас и моите колеги. За време на тоа истражување, кое бараше секојдневно набљудување во рок од 8 недели, бројни испитаници кажаа дека ќе бидат отсутни на некое време“, изјавил авторот на истражувањето Кристофер Меј.

Поради ова, истражувачите решиле да ги набљудуваат испитаниците додека биле на одмор и далеку од нивните вообичаени работни и училишни обврски.

Истовремено, го испитувале и влијанието на медитацијата и одморот и ги следеле променливите како што се фокусирање, негативни и позитивни емоции.

meditacijata-e-korisna-kolku-i-godishniot-odmor-kakvi-pridobivki-ima-02.jpg

Исто така, ги набљудувале и испитаниците кои медитирале 15 минути секој ден. Во текот на целото истражување, научниците го забележувале здравјето, емоциите и концентрацијата на секој испитаник од крајот на денот.

Во деновите кога испитаниците медитирале, тие пријавиле пониско ниво на негативни емоции како што е раздразливоста. Истовремено, чувствувале повеќе позитивни емоции, како што е благодарноста.

Покрај тоа, забележале и подобрување на нивната концентрација. Истражувачите забележале исти чувства и во деновите кога испитаниците биле на одмор.

„Откривме дека само 15-минутната медитација е поврзана со слични придобивки како и од ден на одмор, кога станува збор за фокусот. И во двата случаи испитаниците беа свесни за својата околина и беа многу смирени“, додал Кристофер.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg