Во сабота прв „Dog Fest” во Скопје

Оваа сабота за првпат во Скопје  ќе се одржи „Dog Fest”- настан кој е замислен како дружба за сите љубители на најдобриот пријател на човекот- кучето.

vo-sabota-prv-dog-fest-vo-skopje-01.jpg

Преку едукација, забавни игри за милениците, но и вредни подароци,  на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња, настанот ќе започне во 12:00, а ќе трае до 16:00. Добредојдени  се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен.

Локацијата на одржување на „Dog Fest” е во „Hera Happy friendly dogs”- место кое е вистински рај за игра и дружба на сите миленици, на улица Козле број 196, веднаш спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg