Златко Јовановски креираше корсет за најголемата мексиканска ѕвезда Талија, инспириран од Мадона

Најголемата мексиканска ѕвезда Талија, која се прослави со улогата на Росалинда, вторпат носеше креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски, а фотките ги сподели на Инстаграм.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-korsetot-e-inspiriran-od-madona-01.jpg

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, повторно креираше корсет за најпознатата мексиканска актерка и пејачка, Талија.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-korsetot-e-inspiriran-od-madona-02.jpg

За популарната Мексиканка, која се прослави со улогата на Росалинда во истоимената серија, овој пат Златко креираше корсет во златна боја, инспириран од поп-кралицата Мадона.

Талија корсетот и го носеше на концерт на Мадона.

Таа покажа дека е толку голем фан на пејачката, што целосно се трансформираше во неа, па стави и кратка руса перика, како во времето кога Мадона беше актуелна со албумот Like a Virgin.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-korsetot-e-inspiriran-od-madona-03.jpg

Токму тоа Талија и го напиша на фотките што ги објави на својот Инстаграм – Like a Virgin, а објави и видео од тоа како одел процесот на трансформација.

Ѕвездата на фотографиите го означи и брендот на Златко, „JZJ couture“, а македонскиот дизајнер и сега не го криеше воодушевувањето што латино ѕвездата е во негова креација.

„Драги мои, Талија повторно носи моја креација“, напиша тој на Инстаграм Стори.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-korsetot-e-inspiriran-od-madona-04.jpg

Талија првпат облече креација од Јовановски во август 2023, и тоа беше розов корсет со голем рачно везен крст и круна, а дизајнот беше инспириран од нејзина стара креација.

„Креацијата на Талија е направена специјално за неа. Нејзиниот стилист дошол до моите креации и до моето име, па тој ме контактираше за соработка.

Ми кажа дека креацијата мора да биде инспирирана од парчиња што таа веќе ги носела, а јас им испратив три скици“, рече тогаш дизајнерот за CRNOBELO.com.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-korsetot-e-inspiriran-od-madona-05.jpg

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Златко Јовановски креираше за најголемата мексиканска ѕвезда Талија: „Како дете ја гледав Росалинда, денес контактирам со неа“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Извајано тело на кое им завидуваат сите - Кои се најфит Македонките на Инстаграм? Некои од најфит Македонките на Инстаграм се и мајки и имаат мали деца, но мора д...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Светлана Црнокрак повторно во венчаница, Кристина Димитри му прослави роденден на синот: Што прават ... Кристина Димитри, која неодамна откри дека има нов дечко, му направи роденденска...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Татјана Стојановска, Стефан Лазаров, Александра Шијакоска: Кои познати Македонци направија свадба во... Во годината што изминува имаше многу свадби меѓу познатите личности. Водителката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg