Орео колач во микробранова, готов за 5 минути
-->
Вкусен чоколаден колач со Орео кој се топи во устата и се подготува во микробранова печка, за само 5 минути... Дали би го пробале?
На летните горештини не ви се вклучува рерна, а сепак ви се јаде нешто слатко. Можеби ќе ве инспирираме со овој вкусен десерт од Орео колачиња, кој се прави во микробранова печка, за само 5 минути.
-->
Пробајте го, сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
- 1 пакување Орео колачиња (од 150g)
- 150ml млеко
- 1 лажица брашно
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 100g чоколадо (за прелив) + малку млеко
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги Орео колачињата и потопете ги во млекото. Дробете ги со виљушка за да добиете изедначена, мазна смеса.
- Во смесата додајте ги брашното и прашокот за печиво, па повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.
- Истурете го тестото во огноотпорен сад, па садот ставете го во микробранова печка (на најголема јачина) и печете 4-5 минути. Ако е течно во средината, продолжете да го печете уште 30 секунди.
- Во меѓувреме растопете го чоколадото со малку млеко, па прелијте го колачот.
- За декорација можете да ставите крцкави чоколадни трошки од едно Орео колаче искршено на ситни парчиња.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Колач со путер и лимон за сите сладокусци
Едноставен, брз и вкусен - што повеќе треба за да посакате да го направите колач...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола
Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом
Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.
Лесен ...
-->