Социјалните мрежи, во последниве години, се една од најпопуларните форми на комуникација и дружење меѓу луѓето ширум светот. Тие ни служат за дружење, запознавање, повторно поврзување со луѓе со кои изгубивме контакт, за рекламирање и за информации. Ретко кој денес не ги користи социјалните мрежи. Дали некогаш сте се запрашале како социјалните мрежи влијаат врз човековото ментално здравје и дали ни носат повеќе штета отколку корист?