Во овој период од годината често го слушаме зборот „детокс” – на радио, на телевизија, интернет, во разговори со нашите пријатели и роднини. Повеќе од било кога ние, луѓето на денешницата, имаме потреба од благодетите на „детоксот” поради тоа што во нашите организми внесуваме токсини повеќе од било кога во историјата на човекот. Токсините вградени во нашите коски и масните наслаги го попречуваат нормалното работење на нашите органи. Во текот на детоксикацијата токсините се преработуваат од масти во водени молекули и се исфрлаат од организмот преку телесните процеси. Транзицијата од зимо во пролет ни нуди идеална можност да го исчистиме телото од сите наталожени токсини, кои во помрзеливиот период од годината сме дозволиле да преовладуваат со нашиот организам. Пролетта ни дава голем избор на овошје и зеленчук кои се есенцијални за добар „детокс” и лесно може да се комбинираат во здрави и вкусни смутиња...