Многупати именуван и како најлековита билка на светот, бозелот навистина е посебно растение. Неодамна се запрашав зошто детството не го помнам како период на настинки, инјекции и престои во болници, а во последно време и најмалиот сезонски грип сè потешко го лекувам. Веднаш се потсетив на освежителниот и сладок вкус на чајот и сокот од бозел како и џемот од бобинките кој го приготвуваше мојата баба, а јас низ смеа и игра, со задоволство ги консумирав, не знаејќи дека притоа таа секојдневно го заштитувала и зајакнувала мојот имунитет...