Сокот од целер сигурно не е првото нешто што ви доаѓа на ум кога се зборува за здрава исхрана, и за волја на вистината, до неодамна не беше ниту приближно модерен како, да речеме, авокадото. Моделот Миранда Кер секое утро пие сок од целер, а Ентони Вилијам е човекот кој го започна овој тренд. Во моментов, под хаштаг #celeryjuice на Инстаграм може да се најдат преку 80 илјади постови.