Кардиолог открива која храна ја јаде поретко за да го зачува здравјето на срцето

Според кардиологот Хармони Рејнолдс, нема потреба да се откажете од храната како сланина или чипс за да го зачувате здравјето на срцето. Наместо тоа, бидете умерени и кога сте во можност најдете поздрава алтернатива.

kardiolog-otkriva-koja-hrana-ja-jade-poretko-za-da-go-zachuva-zdravjeto-na-srceto-01.jpg

Невозможно е постојано да се храниме здраво, а и не ни е од никаква корист ако пробаме целосно да си забраниме некоја нездрава храна што ја сакаме.

Многу подобро е да научиме да бидеме умерени и, едноставно, да не претеруваме со овие намирници.

Хармони Рејнолдс е кардиолог од САД и за Insider открива кои намирници ги јаде поретко и умерено за да го зачува здравјето на срцето.

Taa истакнува дека можете да уживате и во овие намирници, но пробајте да ги консумирате поретко и давајте ѝ предност на поздравата храна.

Кои намирници ги избегнува Хармони?

Маргарин и кокосово масло

Хармони вели дека ретко консумира маргарин, бидејќи некои истражувања покажуваат дека овие намирници можат да имаат лошо влијание врз здравјето на срцето.

Кокосовото масло, исто така, содржи заситени масти, па и тоа спаѓа во категоријата намирници со кои треба да бидеме умерени, а добра алтернатива за маслата е маслиновото. 

kardiolog-otkriva-koja-hrana-ja-jade-poretko-za-da-go-zachuva-zdravjeto-na-srceto-02.jpg

Чипс

Речиси и да нема личност која не сака чипс, а и самата Хармони ужива во овие грицки.

Сепак, вели дека избегнува да купува бидејќи ни таа не може да се контролира и да не изеде многу.

„Добро се познавам себеси и знам дека нема шанси да изедам малку чипс и да го тргнам другиот настрана“.

И во овој случај важно е да бидете умерени – слободно јадете чипс, но немојте да го изедете целото пакување.

Хармони вели дека кога сакате поздрави грицки, пуканките се добар избор.

kardiolog-otkriva-koja-hrana-ja-jade-poretko-za-da-go-zachuva-zdravjeto-na-srceto-03.jpg

Сланина

Веќе сите знаеме дека сланината има многу масти и треба да ја јадеме поретко.

Хармони вели дека го сака вкусот на сланината, но пробува да ја јаде само во посебни прилики.

„Луѓето не можат да следат совршена диета. Важно е да знаете дека некогаш треба да се почастите и не си правите услуга ако целосно си забраните некоја храна.

Сметам дека е подобро да бидете умерени и, кога можете, заменете ја мрсната храна со поздрава алтернатива“.

kardiolog-otkriva-koja-hrana-ja-jade-poretko-za-da-go-zachuva-zdravjeto-na-srceto-04.jpg

Темно чоколадо наместо други десерти

Сите сакаме колачиња, торти и крофни, но и знаеме дека овие десерти се полни со шеќер и нездрави масти – состојки кои можат да го влошат здравјето на срцето.

Како и за сè останато на листава, Хармони советува да бидете умерени.

Ако сметате дека сте претерале со слатки, но уште ви се јаде нешто благо, Хармони вели дека темното чоколадо е добар избор.

И секако, не треба целосно да се откажете ни од слатките задоволства:

„Кога сум на забава и сакам да пробам нешто што знам дека не е многу здраво, пробувам еден залак. Ако навистина ми се допаѓа, си дозволувам да уживам во поголема количина. Ако вкусот не ми е нешто посебно, пробувам да не јадам повеќе“.

kardiolog-otkriva-koja-hrana-ja-jade-poretko-za-da-go-zachuva-zdravjeto-na-srceto-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg