Мајка сподели рецепт за природен лек за против кашлица кај децата и чистење секрет (видео)
Ловоров лист, мед, лимон и ѓумбир – мајка сподели рецепт од само 4 состојки што според неа за 3 дена ќе ви помогне да се ослободите од упорната кашлица кај децата и да се ослободите од секретот насобран во грлото и носот. Иако е подготвен од здрави состојки, сепак консултирајте се и со лекар за користење на секоја од намирниците.
Српската инфлуенсерка Инес Пачиќ редовно споделува трикови за мајчинството на својот Инстаграм профил, а паралелно им помага на голем број мајки да се изборат со вишокот килограми по бременоста.
Со започнувањето на сезоната на вируси речиси сите мајки се соочуваат со настинки кај нивните деца.
Инес, која е мајка на две мали дечиња, деновиве го сподели својот рецепт за справување со упорната кашлица кај дечињата за само 3 дена.
Иако се подготвува од здрави состојки, треба да имате предвид дека овој пијалак содржи мед, што не смее да му се дава на детето во првата година од животот. Пред да му дадете каков било природен лек на детето потребно е да се консултирате со лекар за состојките.
Потребни состојки:
- 3 ловорови листови;
- 200ml зовриена вода;
- Сок од еден лимон;
- 1 лажичка мед;
- 1 помал ѓумбир.
Начин на подготовка:
- Во тенџере се кинат 3 ловорови листови и се прелеваат со врела вода;
- Во чаша се става сок од еден лимон, му се додава лажица мед, а ѓумбирот се мие, се лупи и се сече на коцкички и се додава во сокот од лимон;
- Мешавината од сок од лимон, мед и ѓумбир се додава во водата со ловорови листови, се меша и се остава да отстои околу половина час, по што чајот се процедува;
- Овој пијалак може да му се дава на детето по трипати дневно, 3 дена.
Б. С. Б. | Црнобело