Во Македонија најчесто се препорачува топла супа против настинка, а што јадат луѓето низ светот кога се болни?
Борш - Русија, Украина, Белорусија, Молдавија
Борш е супа од цвекло што често ќе ја најдете во Русија и неколку источноевропски земји. Супата е богата со витамин Ц и хранливи материи како диетални влакна, магнезиум и калиум.
Окају - Јапонија
Окају е оризова каша во Јапонија и претставува ориз варен во вода и ништо друго. Ова е главен оброк дури и во јапонските болници каде им служи луѓе кои имаат болести поврзани со дигестивниот систем.
За да додадат малку поразличен вкус, луѓето го комбинираат со кисела слива наречена умебоши.
Супа од карфиол - Норвешка
Норвешката класика, Blomkålsuppe или едноставно супа од карфиол, е кремасто задоволство што ги дава придобивките од карфиолот исполнет со антиоксиданси кои помагаат во способноста на телото да се детоксицира заедно со витамин Ц и бета-каротен.
Менудо - Мексико
Менудо е традиционална мексиканска супа направена со говедско месо и црвена чили пиперка. Оваа супа е одличен мексикански лек и против мамурлак.
Пилешка супа со нудли - САД
Топла чинија од оваа пилешка супа не само што го загрева стомакот, туку и срцето, особено кога е домашна. Најчесто ја прават со рендано варено пилешко и многу зеленчук.
М. Г. | Црнобело