Машин Ган Кели страда од „Петар Пан“ синдром + 17 знаци што укажуваат дека го имате и вие
Луѓето што страдаат од Петар Пан синдром се млади во срцето, оптимистични и наоѓаат задоволство во едноставни работи.
Но, проблемот настанува затоа што не можат да се справат со обврските, одговорноста и исполнувањето на оние задачи што не сакаат да ги направат затоа што не им се допаѓаат.
Други симптоми поврзани со оваа состојба се и постојаната желба за бегство, потребата некој да се грижи за нив и тоа што премногу зависат од други луѓе.
Според Курана, овој синдром може да се развива како заштитен механизам кај луѓето што не можат да се справат со одговорностите поврзани со одгледувањето на децата, плаќањето на сметките или наоѓањето на работа.
Честопати, овој синдром може да биде последица на траума од детството, или пак како последица на премногу заштитнички настроени родители што не му дозволуваат на нивното дете да порасне.
Со оглед на тоа што луѓето со ваков синдром одбиваат да пораснат, целиот товар и одговорности паѓаат врз грбот на партнерот кој се чувствува преоптоварен или исцрпен од тоа што треба постојано да ги презема сите одговорности.
Кои се 17-те симптоми дека вие или вашиот партнер страдате од ваков синдром?
1. Не можете за ништо да донесете одлука сами.
2. Никогаш сами не ги плаќате сметките.
3. Не знаете сами да се грижите за себе (секогаш ви треба некој за да ви подготви храна, да ве испере, да ве испегла...)
4. Никогаш не преземате обврски затоа што не сте сигурни дека ќе ги завршите.
5. Немате проблем постојано некој друг да плаќа за вас.
6. Тешко го задржувате работно место.
7. Постојано ја барате својата Венди (но, немате намера да останете засекогаш со неа).
8. Знаете како да ги шармирате другите и секогаш сте пресметани.
9. Пријателите најчесто ви се „деца“ што не сакаат да пораснат.
10. Не сакате да размислувате за возрасни теми – тоа ве нервира.
11. Не сакате да се расправате и бегате веднаш по првите знаци на конфликт.
12. Избирате облека за деца/тинејџери.
13. Немате проблем да трошите пари за евтин алкохол и опојни супстанци – за вас тоа е авантура.
14. Имате погрешна перцепција за приоритети – поважни ви се фудбалските натпревари отколку да најдете работа.
15. Не знаете да завршите основни работи во домот (и секогаш за сѐ се потпирате врз партнерот).
16. Партнерот не може да се потпре на вас – свесен е дека со вас сѐ мора да направи сам.
17. Себични сте – ако нешто не ви се допаѓа, тоа значи дека воопшто не е важно.
Б. С. Б. | Црнобело