Чести сексуално преносливи болести и како да се заштитите од нив

Херпесот, кламидијата и гонорејата се широко распространети сексуално преносливи болести за кои треба да бидете свесни доколку сте сексуално активни, особено ако често менувате партнери.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-01.jpg

Кондомите не штитат само од несакана бременост. Тие можат да ве заштитат од бројни сексуално преносливи болести од кои дел можат да предизвикаат сериозни проблеми.

За разлика од порано, денес постојат вакцини и терапии за многу сексуално преносливи болести, но за повеќето е клучно да се забележат навреме, пред да предизвикаат штета.

Во продолжение дел од најчестите сексуално преносливи болести и што треба да знаете за нив:

Хуман папилома вирус (ХПВ)

ХПВ е можеби најчестата сексуално пренослива болест. Според Центарот за контрола и превенција на болести, во 2018 година имало 43 милиони луѓе заразени со вирусот, од кои повеќето во доцните тинејџерски и раните 20-ти години.

Вирусот се пренесува преку вагинален, анален или орален секс, со лице кое е заразено.

Во повеќето случаи (9 од 10), вирусот се повлекува сам во период од околу две години и не предизвикува други здравствени проблеми. Но, во поретки случаи, може да предизвика проблеми како појава на брадавици на гениталиите, па дури и рак.

Повеќето луѓе не се свесни дека се заразени со вирусот бидејќи не се појавуваат никакви симптоми.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-02.jpg

Жените можат да откријат дека го имаат вирусот ако добијат невообичаени резултати од ПАП тест, а и мажите и жените можат да ја забележат понапредната форма на вирусот ако им се појават брадавици на гениталиите.

Поради распространетоста на вирусот, најдобро ќе се заштитите ако се вакцинирате, особено ако не сте во моногамна врска.

Имајте на ум дека кондомот не нуди целосна заштита од ХПВ вирусот бидејќи за време на секс може да дојде до контакт на делови кои не се покриени од него.

Што значи, ако сте сексуално активни, препорачливо е да се консултирате со лекар за вакцина.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-03.jpg

Херпес

Херпесот може да биде предизвикан од два вируса и да биде орален или вагинален.

Едниот вирус најчесто предизвикува орален херпес, кој обично се карактеризира со појава на меурчиња во областа на устата. Сепак, повеќето луѓе не покажуваат никакви симптоми.

Оралниот херпес најчесто се пренесува преку контакт со плунка, без сексуален однос.

Гениталниот херпес се пренесува преку вагинален, анален или орален секс со заразена личност. Можете да добиете генитален херпес и преку орален секс со личност која има орален херпес.

Најчесто заразата настанува преку контакт со меурчињата што ги предизвикуваат вирусите, но и незаштитен секс.

Важно е да знаете дека не можете да се заразите со херпес од тоалетна школка или во базен.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-04.jpg

И луѓето со генитален херпес обично не покажуваат симптоми, но можат да се појават благи симптоми кои обично погрешно се толкуваат како други проблеми со кожата, како поткожно влакно.

Засега нема лек за херпес, но постојат лекарства кои го забавуваат ширењето на меурчињата и го забрзуваат процесот на нивното заздравување.

Доколку ви се појават меурчиња, важно е да не ги допирате, бидејќи течноста од нив може да предизвика меурчиња и на други места од телото.

И секако, секогаш консултирајте се со вашиот лекар.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-05.jpg

Сифилис

За разлика од претходните две болести, сифилисот може да предизвика сериозни проблеми со здравјето доколу не се третира.

Сифилис е бактериска зараза и се пренесува преку вагинален, анален или орален секс. Исто така, бремената жена може да ја пренесе болеста на нејзиното дете.

Постојат неколку фази на развој на болеста кои се карактеризираат со разни симптоми.

Во првата фаза, може да забележите една или повеќе ранички кои се појавуваат на местото од каде што болеста навлегла во телото. Ова значи дека најчесто се појавуваат на пенисот, вагината, аналниот отвор или устата.

Овие ранички обично се безболни и траат од три до шест недели. Сепак, дури и откако ќе поминат раничките, важно е да продолжите со терапија за да не почне втората фаза од болеста.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-06.jpg

Во втората фаза почнуваат да се јавуваат ранички и осип на гениталиите, устата или аналниот отвор. Во оваа фаза можат да се појават и симптоми како треска, болно грло, главоболки и екстремен замор.

Без соодветна терапија, болеста може да продолжува да напредува.

Во следната фаза можно е да не се појават никакви симптоми, и тоа неколку години. Но, ако болеста продолжи да напредува, ќе почне да напаѓа разни органи, вклучувајќи ги крвните садови, мозокот и нервниот систем.

Обично оваа фаза настанува 10 до 30 години по заразувањето.

На крај, нетретираниот сифилис може да се прошири до мозокот и нервниот систем, очите или ушите.

Добрите вести се дека сифилисот може да се излечи, но ако побарате помош многу доцна и настане оштетување на некои органи, ова оштетување веројатно ќе биде трајно.

Поради ова, важно е редовно да се тестирате за сифилис доколку сте маж кој има однос со други мажи, имате ХИВ, имате партнер кој некогаш добил позитивен тест за сифилис или често менувате сексуални партнери.

За да го намалите ризикот од зараза, секогаш користете кондом.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-07.jpg

Уште три болести на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg