Зошто се појавуваат линии на ноктите и дали се знак за проблеми со здравјето?

Вертикалните линии на ноктите кои изгледаат како испакнатини можат да бидат предизвикани од возраста, но и од неправилна исхрана. Хоризонталните линии, пак, можат да се појават од некои здравствени проблеми, но и од хемотерапија.

zoshto-se-pojavuvaat-linii-na-noktite-i-dali-se-znak-za-problemi-so-zdravjeto-01.jpg

На ноктите можат да се појават хоризонтални бели линии, како и вертикални линии кои повеќе изгледаат како испакнатини.

Обично промените на ноктите укажуваат на недостаток од некоја хранлива материја, а некогаш и на проблеми со здравјето. Во овие случаи промената на ноктите би требало да биде придружена и со други симптоми.

Зошто се јавуваат вертикални линии на ноктите?

Кога не станува збор за здравствен проблем, вертикалните линии на ноктите најчесто се појавуваат поради сувост и неправилна исхрана.

Со возраста, способноста на ноктите да ги апсорбираат хранливите материи се намалува, па ова има влијание врз нивниот раст, а со тоа и нивниот облик.

Важно е да знаете дека не е така невообичаено да имате една-две вертикални линии на ноктите. Тие се честа појава кај средовечните жени и обично се знак дека ноктот старее.

Сепак, доколку забележите други промени во ноктот, како промена на бојата, задебелување или лесно кршење, можно е да станува збор за некој здравствен проблем.

Постојат многу здравствени проблеми кои предизвикуваат вакви промени на ноктите, вклучувајќи проблеми со кожата, псоријаза, егзема и ревматичен артритис.

Некогаш проблемот може да биде и недостаток на железо во крвта.

Ако сте загрижени, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

zoshto-se-pojavuvaat-linii-na-noktite-i-dali-se-znak-za-problemi-so-zdravjeto-02.jpg

Зошто е јавуваат хоризонтални линии на ноктите?

Хоризонталните линии на ноктите можат да се јават од многу причини, но не од повреда на ноктот или областа кај кутикулите.

Некои истражувања покажале дека ниското ниво на вид протеин може да предизвика појава на хоризонтални линии на ноктите.

Исто така, овие линии можат да се појават кај луѓе кои примале хемотерапија, луѓе кои имаа проблеми со бубрезите или црниот дроб, како и лоша исхрана преку која не се внесуваат голем број хранливи материи.

zoshto-se-pojavuvaat-linii-na-noktite-i-dali-se-znak-za-problemi-so-zdravjeto-03.jpg

Како да се справите со линиите на ноктите?

Доколку линиите на ноктите се предизвикани од здравствен проблем, вашиот лекар ќе ви каже што да правите понатаму.

Доколку линиите се предизвикани од лоша исхрана, треба да направите некои промени во таа област.

Доколку нема здравствен проблем, единствено почнете да водите подобра грижа за вашите нокти. Сечете ги редовно и никако немојте да ги грицкате. Можете да почнете да користите и масла за нокти.

zoshto-se-pojavuvaat-linii-na-noktite-i-dali-se-znak-za-problemi-so-zdravjeto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg