Цинк за тироидна жлезда, витамин Е за менопауза: Кои витамини и минерали се добри за женското здравје?
Витаминот Б е одличен за кожата и ноктите, додека витаминот Е може да биде од огромна корист во менопауза - кои други витамини и минерали се добри за женското здравје?
Жени и женски проблеми. Ги има безброј. Почнувајќи од редовните ПАП тестови, проверки на крв и урина поради уринарни инфекции, хормонални промени, менопауза и слично.
Кои витамини и минерали ѝ се потребни на секоја жена за да се заштити од сите „женски предизвици во 21 век”?
Витамини за кожа, коса и нокти
Кога станува збор за убави кожа, коса и нокти, количеството на Б витаминот во сите негови форми е најважно. На пазарот може да најдете суплементи кои содржат чист биотин или витамин Б7, како и комбинација од повеќе Б витамини кои значително ќе го подобрат растот на вашите кожа, коса и нокти.
Но, имајте предвид и дека повеќето од овие суплементи отвораат и поголем апетит.
Можете да користите и рицинусово масло на вашата коса пред капење, како и бебешко масло на вашата кожа, кое убаво е да го нанесете веднаш по туширање.
Уредна крвна слика и високо ниво на железо
Витамин Ц и витамин Д (особено во есен и зима) треба да бидат секојдневно застапени во вашата исхрана.
Дали ќе се фокусирате на консумација на суплементи или ќе се решите за цитрусно овошје, секако нема да згрешите.
Кога станува збор за Д витаминот, убаво е со вашата редовна крвна слика да го проверите и неговото количество. На тој начин, во консултанција со вашиот доктор, ќе може да ви биде препорачана количина која ќе биде доволна за вас.
Ако сте слабокрвни или имате често вртоглавици, треба да го проверите вашето железо. Суплементите за железо знаат да предизвикаат опстипација, па затоа убаво е да се обидете да консумирате што повеќе зелен зеленчук кој изобилува со железо и фолна киселина.
Тироидна жлезда
Цинкот е клучна хранлива материја за вашата тироидна жлезда - на вашето тело му треба цинк за лачење на тироидните хормони. Секако тука исто така имаат позитивно дејство и витамините Д и Б12.
Научните истражувања воочуваат дека прекумерното внесување на соини производи, преработена и брза храна делува негативно врз тироидната жлезда. Ова не значи дека треба целосно да се откажете од овие намирници, туку само да бидете умерени.
Уринарни инфекции
Иако на пазарот ќе наидете на секакви суплементи за уринарни инфекции, најделотворно ќе делувате со секојдневна примена на чај од брусница, аронија или пак увин чај.
Сува вагина
Избегнувајте гелови за интимна нега. Некои од нив, иако ќе ве намамат со нивниот мирис, сепак имаат дополнителни сегменти кои може да придонесат за промена на вашата рН вредност, па тоа дополнително може да предизвика чешање и иритација.
Постојат многу причини за сувост на вагината, па во овој случај најдобро е да се консултирате со гинеколог. А, за да ја намалите непријатноста за време на сексуален однос, користете лубрикант.
Според некои истражувања, суплементите со витамин Е и Д можат да бидат од помош, но најпрво препорачливо е да се консултирате со гинеколог.
ХПВ инфекции
Сите витамини кои делуваат на зголемување на имунитетот се помагатели во овој случај.
Но, доколку сте во можност, купете производ кој во својот состав има шитаке печурки, кои се делотворни кога се работи за женската проблематика на оваа тема.
Витамини за бременост
Пазарот изобилува со производи специјално адаптирани на потребите на бремената жена.
Генерално главниот примат го имаат фолната киселина, цинкот и магнезиумот кој делува на грчевите кои се застапени во бременоста.
За некои жени дополнително се препорачува и внес на железо како суплемент доколку има потреба.
Витамини за менопауза
Потребите за витамин Е се исклучително големи за време на менопаузата, како и фолната киселина и витамините Б6 и Б12 во заштитата на срцето и крвните садови.
Масло од жолтата јагорка, ашванга и прав од мака се воедно многу корисни да се внесуваат редовно, со цел да се намалат и ублажат симптомите кои настануваат во менопауза, како и секојдневниот стрес.
За начинот на употреба, соодветниот внес и третман, секогаш консултирајте се со вашиот доктор или фармацевт. Не земајте никакви дополнителни суплементи на своја рака.
М. У. Т. | Црнобело
фото: pexels.com