Зошто треба да вежбате во текот на бременоста (и кои вежби се безбедни)?

Вежбите со послаб интензитет, како и активностите од кои нема ризик да се повредите, можат да ви бидат од голема корист во текот на бременоста.

zoshto-treba-da-vezhbate-vo-tekot-na-bremenosta-i-koi-vezhbi-se-bezbedni-01.jpg

Физичката активност е важна и не треба да се прескокне дури ни во бременоста.

Вежбањето ќе ви помогне да го подобрите држењето на телото, ќе направи да се чувствувате подобро, а може дури и да ја намали неудобноста која доаѓа со бременоста, како болки во грбот и замор.

Најпрво да нагласиме дека пред да почнете со какви било вежби, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Тој најдобро знае што е безбедно за вас.

Дали сите бремени жени можат да вежбаат?

Ако имате здравствен проблем, како астма, проблеми со срцето или дијабетес, не е препорачливо да вежбате.

Всушност, доколку имате какви било проблеми со здравјето или сте се соочиле со некаков проблем во бременоста, најпрво мора да разговарате со лекар пред да почнете со вежбање.

Вашиот лекар ја знае вашата медицинска историја и тој најдобро ќе може да утврди дали вежбањето е безбедно за вас.

zoshto-treba-da-vezhbate-vo-tekot-na-bremenosta-i-koi-vezhbi-se-bezbedni-11.jpg

Кои вежби и активности треба да се избегнуваат за време на бременост?

Постојат одредени вежби и спортови кои се премногу ризични за бремени жени:

  • Активности каде што постои можност да паднете, како скијање или јавање.
  • Групни спортови, како фудбал, кошарка или одбојка.
  • Вежби и аткивности кои можат да предизвикаат и најмал проблем/болка во стомакот, како нагли движења.
  • Вежби кои вклучуваат многу скокање.
  • Вежби кои бараат многу истегнување и клекнување (како чучнувања).
  • Вежбање на многу топло и влажно време.

Постојат и други активности кои можат да бидат ризични за бремени жени, па затоа повторуваме – консултацијата со лекар е задолжителна.

zoshto-treba-da-vezhbate-vo-tekot-na-bremenosta-i-koi-vezhbi-se-bezbedni-10.jpg

Неколку совети за вежбање во бременоста

  • Носете широка и удобна облека, како и спортски градник кој ќе ви ја даде потребната поддршка.
  • Носете соодветни патики за вежбање.
  • Внесувајте доволно калории.
  • Немојте да јадете барем еден час пред вежбање.
  • Пијте вода пред и по вежбање, како и за време на тренингот.
  • Ако правите вежби седнати на земјата, станувајте бавно за да ја избегнете вртоглавицата.
  • Немојте да се преморувате – не треба да бидете многу задишани откако ќе завршите со тренингот.
  • Ако не сте биле многу активни пред бременоста, немојте наеднаш да почнете со интензивен тренинг.
  • Пробајте да бидете активни 30-тина минути секој ден.

Не заборавајте дека интензитетот на вежбите треба да се менува во зависност од фазата на бременоста.

Односно, вежбите што било безбедно да ги правите во првото тримесечје, може да бидат ризични во второто или кон крајот на бременоста.

zoshto-treba-da-vezhbate-vo-tekot-na-bremenosta-i-koi-vezhbi-se-bezbedni-08.jpg

На следната страница неколку вежби што можете да ги правите за време на бременост...



Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg